ЕУ КУЌАТА ЗА МЛАДИТЕ СЕ ПОДГОТВУВА!

Започна со реконструкција објектот во центарот на градот кој е наменет за ЕУ куќа за млади, каде што младите ќе можат да се собираат за да ги споделуваат и реализираат нивните инвентивни и креативни идеи. Овој проект е целосно финансиран од Европската Унија. Зашто младите го заслужуваат најдоброто! За поубав Велес!

94 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ-БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Во спомен на годишнината од смртта на велешкиот револуционер и поборник за работничките права, Васил Главинов, делегации на Општина Велес, на Општинското основно училиште што го носи неговото име, денеска, положувајќи свежо цвеќе, се поклонија пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште. Васил Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Денеска, 24.01.2023 година, ќе се отпочне со градежни актвивности за реконструкција на дел од улица „Благој Ѓорев“ – Нова населба (од Градинка „Димче Мирчев“ клон 5 до спој со улица „Живко Фирфов“) и дел од улица „Живко Фирфов“. Сообраќајот ќе се одвива согласно времен режим до завршување на работите. Изведувач на градежните работи е „Градба…

СООПШТЕНИЕ – КИНОВЕРЗУМ ЗАПОЧНА СО РАБОТА ВО ВЕЛЕС

Поради големиот интерес на граѓаните на Општина Велес во врска со започнувањето со работа на новото кино, Ви соопштуваме: Во салата „Бели мугри“ што се наоѓа во зградата на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ започна со работа новото кино во Велес. На големиот христијански празник Водици Богојавление, во киното се одржа првата проекција на филмот Аватар…

ПРОТЕЧЕ ВОДА ВО НАСЕЛБА ТРПЕЗИЦА!

Она што го ветивме тоа и го исполнивме – решен е децениски проблем на жителите на населба Трпезица! Службите на ЈКП Дервен завршија со активностите за изградба на водоводна мрежа а во наредниот период ќе следува приклучување на домаќинствата по претходно поднесено барање. Продолжуваме посветено, за поубав Велес.

ВЕРАТА Е ЗА ДА СЕ ПРАКТИКУВА, ТРАДИЦИЈАТА ЗА ДА СЕ НЕГУВА!

Сеќавајќи се на Богојавление – Водици, денот кога небото се отвори и Светиот Дух слезе врз Господ Исус и оваа година продолжува вековната традиција на фрлање на Светиот крст во водите на река Вардар. На настанот ќе му претходи божествена литургија, а со самиот чин ќе чиноначелствува Митрополит Повардарски г.Агатангел. За таа цел, се повикуваат…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, среда, 18 јануари 2023 година, во наредниот четиримесечен период ќе се одвиваат градежни работи за адаптација и преуредување на простор, дел од објект во сопственост на Општина Велес на улица „8 Септември” во централното градско подрачје (зградата на поранешното кино „11 Октомври”). Поради тоа, Општина…

ОДБЕЛЕЖАНА 114 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистите на Коста Солев Рацин во градот и Спомен костурницата, Општина Велес го одбележа раѓањето на најголемиот поет и револуционер. На 114 годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, пред спомен бистата во дворот на Гимназијата што го носи неговото име, свежо цвеќе положија делегации од општинската администрација од…

ОПШТИНА ВЕЛЕС УПАТИ БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Како поттик за волонтерите од сите генерации кои во изминатиот период учествуваа во еколошките акции во градот, денеска Општина Велес им изрази јавна благодарност. Во просториите на Општина Велес, претставници на одделението на животна средина им доделија благодарници на учесниците во активностите на проектот „Зелена сончева:Генералка викенд“. Во рамките на проектот се одржаа акции за…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК 21 ДЕКЕМВРИ

Почитувани сограѓани од турската заедница, Општина Велес Ви го честита Денот на наставата на турски јазик, 21 Декември. Употребата на мајчин јазик во образовниот процес и во секојдневниот живот е најголемата придобивка на човештвото. Можноста за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик е вредност која придонесува за културниот развој на заедницата. Велес е…