ВТОРАТА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР НА ИФФ ГО ПРЕПОЛНИ АМФИТЕАТАРОТ

Втората фестивалска вечер на ИФФ „Велес 2024“ помина во одлична атмосфера во преполниот Амфитеатар.  Со староградски народни песни настапија членовите на „Распеани велешани“, а веднаш потоа на сцената се појавија гостите од Украина со традиционален сплет од народни песни и ора. Забавата продолжи со членовите на оркестарот при музичкото училиште „Стефан Гајдов“, а вистинско уживање…

ПРВА ФЕСТВАЛСКА ВЕЧЕР НА ИФФ ВЕЛЕС 2024

Со традиционалното дефиле на учесниците низ улиците на Велес, вчеравечер започна 19 –то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024. Велес пулсираше во ритамот на музиката, песната и танцот на фолклорните групи од земјава и од странство. Велешани имаа можност да проследат традиционални танци  од Турција, Украина, Словачка, Романија, Србија  и Австралија. Фестивалот свечено го…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА 19. ИФФ

Традиционални танци и ора, роднокрајни песни и шарени носии низ улиците на Велес во наредните четири дена. Градот ќе живее во духот на песната, играта, традицијата. Од среда, 03 јули, Велес е домаќин на деветнаесеттото издание на „Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024“. Фестивалот годинава има богата програма со настап на девет странски ансамбли од осум…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Градежни активности на левата страна на градот продолжуваат. Во тек е реконструкција на дел од улицата „Петре Прличко“ кон автобуската станица. Моментално на улицата се изведуваат градежни работи за гребење на стариот асфалт по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој на улицата.

Извршена е втора аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани,  Ве информираме дека во раните утрински часови е извршена аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари.  Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Обезбедени се буџетски средства за уште едно авионско прскања.  Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од…

Извршен надзор за спроведување на втора аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани, Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 17:30 часот во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за аеросолна дезинсекција. По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот „Бониер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за аеросолна…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВТОРА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност   Општина Велес ја информира јавноста дека, второто авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 01 јули…

ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА БАЛЕТСКО СТУДИО АНАБЕЛА

На сцената на велешкиот театар Јордан Хаџи Комнстантинов Џинот, Балетското студио Анабела го одржа својот годишен концерт. Сто и десет деца од три до 17 годишна возраст ги изиграа најдобрите кореографии со кои се натпреваруваа изминатата година и со кои освоија бројни награди во земјава и надвор од неа. Публиката во преполната сала, два часа…

ВО ЗНАКОТ НА ХУМАНОСТА ЗАВРШИЈА 61. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Со доделување на Почесното Рациново прознание, Поетски митинг и хуманитарен концерт, вчеравечер завршија 61 Рацинови средби во Велес. Почесното Рациново годинава го доби Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија за значаен придонес во афирмација на македонскиот јазик и култура, надвор од државата. Признанието на Цинеге Панзова и го додели градоначалникот Марко Колев, а таа се заблагодари…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ДАНКА ФИРФОВА СЕВЕРОВА

Денеска се одбележува 21 годишнина од смртта на велешанката Данка Фирфова Северова, една од најмаркантните личности во музичката историја на Македонија. Во чест и спомен на Данка, ученици на ООМУ „Стефан Гајдов“ изведоа класични композиции на своите инструменти. Пред присутните гости настапи и сопранот Магдалена Тодоровска која со својот музички колаж приреди вистинско уживање. Данка…