АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ ДОБИТНИК НА ГОДИНЕШНОТО РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ

Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување годинава му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“. Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност…

Aтлетска трка „Трчаме за Рацин“

Почитувани, На 12.06.2022г.(недела), низ Велес ќе се одвива атлетска трка „Трчаме за Рацин“. За таа цел ве молиме во недела да не ги паркирате вашите возила на потегот од Панини до Театар Ј.Х.К.Џинот со цел успешна реализација на трката. Ви благодариме! Со почит, Општина Велес

ЛОКАЛЕН ФОРУМ ЗА КЛУЧНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО РАЗВОЈОТ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Едно од предизборните ветувања на градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, беше активна заложба за поголемо вклучување на жените во креирање на локалните политики и овозможување на женските бизнис-партнери поголема поддршка за да ги идентификуваат начините за раст и развој. Во таа насока денес градоначалникот Колев учествуваше на локален форум „Образовна доквалификација на жените…

ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА ВО КУЌАТА НА КАСАПОВИ

Во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“ денеска во куќата на Касапови се одржа ликовна работилница. Најмладите уметници од основните и средните училишта во градот твореа на тема „Бисери на велешката архитектура“. Старите велешки куќи, Саат кулата, значајните споменици беа само дел од инспирацијата на уметниците. Во автентичниот амбиент на…

СО НАСТАН ОД ЕДУКАТИВНО-ЗАБАВЕН КАРАКТЕР ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА 5 ЈУНИ

Под мотото „ За чист дом, за здрав живот – Фрлај го отпадот на означеното местo“ денеска во Младинскиот парк се одржа едукативен настан со кој се одбележа Денот на екологијата, 5 Јуни. Децата од градинката „Димче Мирчев“ се натпреваруваа во правилнo селектирање на отпадот, во изработка на фигури од отпадна хартија и цртежи на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во пресрет на Денот на екологијата, Општина Велес Ве поканува на настан од забавно едукативен карактер преку кој низ дружење, игра и забава ќе се промовира начинот на правилното отстранување на отпадот. Овој настан подигнување на свесноста за важноста од правилно отстранување на отпад е дел од активностите на проектот „Одржлив урбан развој на ромските…

Извршена е аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани граѓани, Ве информираме дека во раните утрински часови е извршена аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари. Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Обезбедени се буџетски средства за уште две авионски прскања. Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита…

Извршен надзор врз полњето на авионот со средство за прскање против комарци

Почитувани граѓани, Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 17:30 часот во Пеширово Св.Николе се реализира полнењето на авионот со средство за прскањето против комарци, кое што требаше да се спроведе вчера, но беше одложено за денес поради лошите временски услови. По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран…

Резултати од евалуацијата на предлог проекти од граѓански организации добиени на Јавниот повик во рамките на проектот ReLOaD2

По извршеното разгледување и оценување на пристигнатите пријави од Здруженија на граѓани од Велес, а во врска со Јавниот повик за поднесување пријави за проектот ReLOaD2, официјалните резултати можете да ги најдете на следниот линк

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради припреми на спортските терени во Градски парк за одржување на престојните спортски игри, почнувајќи од денеска 31  мај 2022 година до 5 јуни 2022 година (недела) градскиот парк ќе биде затворен за возила, освен за дистрибутери со пропусница. Граѓаните и рекреативците ќе можат непречено да се движат во паркот. Се замолуваат граѓаните за разбирање…