ПРЕТСТАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ДОСТИГНУВАЊА НА ЗГ „ВЕЛЕС БАЈКИНГ” ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со организирана изложба на спортска велосипедска опрема, велосипеди и фотографии од велосипедските доживувања, остварувања и подвизи кои ги има постигнато Здружението на граѓани „Велес бајкинг” од Велес, денес во просториите на Европска куќа Велес беше и официјално претставена Програмата за сите активности со кои Општина Велес и оваа година ќе ја одбележи Европската недела на…

81 ГОДИНА ОД МАСАКРОТ НА ПУСТА КУЛА

Делегација на Општина Велес и претставник на Општинската Организација на Сојуз на борци на Македонија – Велес денеска го посетија местото на масакрот на седумте припадници на Народното ослободително движење на Пуста Кула. Пред споменикот на кој се испишани имињата на жртвите на фашистичкиот окупатор, оддадоа почит и положија цвеќе. На 14 септември 1942 година…

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023 ВО ВЕЛЕС

Во периодот од 16 до 22 септември 2023 година, тим од Општина Велес и оваа година организира седумдневни активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ) во тесна соработка со Здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании. Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие…

ИЗДАВАЊЕ НА Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА НА ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ТРГОВИЈА “ТОМПАНСА-САМ” ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ ВЕЛЕС

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и  “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:  …

Јавен повик за избор на членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на…

Јавен повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на член 17-а став 2 и чл.26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик,…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВТОРО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес ја известува јавноста дека денес започнаа активностите за второ ларвицидно теренско – третирање од земја,…

ВЕЧЕР НА СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ

По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во амфитеатарот на Младински парк се одржа „Вечер на староградски песни“. Традиционалната манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани „Распеани велешани’“. Пред велешката публика со свои музички точки се претставија ансамблите од Гевгелија, Валандово и Свети Николе кои ја негуваат традиционалната староградска…

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2023“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2023“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство. Питијадата ќе биде од изложбен и продажен карактер. Цел на  манифестацијата е да се…

62 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Денеска се одбележуваат 62 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна, Алексо Демниевски Бауман. Во негова чест, пред спомен бистата, свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес и на Командата за доктрини и обука што го носи неговото име.