ОБЈАВА НА КОНТРОЛНА ЛИСТА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА

Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира реновирање на неискористени општински простории и нивна пренамена во предучилишни занимални за  проектот „Реконструкција со пренамена на училишен објект за групи во други просторни услови под ОЈУДГ “Димче Мирчев”, Општина Велес“   За таа цел, Општина Велес објавува нацрт-документ: Контролна листа на План…

СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА СО ПОРТОКАЛОВА СВЕТЛИНА ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ НА НАСИЛСТВО

Спомен Костурницата светна во портокалова боја во знак на борбата против насилството врз жената. Деновиве додека трае кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, костурницата симболично ќе свети во портокалова боја за поддршка на секоја жена што трпи и што се бори против секаков вид на насилство. Насилството не е само приватен проблем, туку…

НОВИ УЧИЛИШНИ УНИФОРМИ ЗА ОСНОВЦИТЕ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА

Од наредната учебна година сите ученици во основно образование ќе добијат нови униформи. Со предвидување на средствата во буџетот на училиштата Општина Велес за учебната 2026/2027 година ќе обезбеди бесплатни униформи за сите ученици во основните училишта. Со оваа мерка општината ќе придонесе да се намалат трошоците на семејствата но и да се создадат еднакви…

ОСВЕТЛЕНО КОШАРКАРСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО БЛИЗИНА НА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

По спортските терени кај гимназијата и хемиското училиште, осветлено е и кошаркарското игралиште кај автобуската станица. Поставени се нови лед светилки со кои се осветлува целиот терен за кошарка. Вака осветлено кошаркарското игралиште може да се користи за спорт и рекреација и во вечерните часеви. Исто така, на овој начин е заштитено од девијантни појави.…

ОСВЕТЛЕНИ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ КАЈ ГИМНАЗИЈА

Општина Велес го осветли спортските терени кај Гимназија и Хемиското училиште. Поставени се лед светилки за осветлување на трите спортски терени кои се наоѓаат во дворот на училиштата. Осветлувањето на спортските терени ќе им овозможи на сите рекреативци и љубители на спортски активности да рекреираат и во вечерните часеви, но исто така овозможува и заштита…

СЕ ЧИСТИ КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Продолжуваат активностите за спас на езерото Младост. Јавното претпријатие Лисиче започна со расчистување на крајбрежјето на езерото и за таа цел во соработка со Министерството за земјоделство, шумартсво и водостопанство беше отстапена соодветна машина. Денеска е распишан и јавен повик за хидрогеолошки истражувања за изведба на бушотините, а во фаза на изработка е и проект…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВОГОДИШЕН БАЗАР

Општина Велес и годинава ќе организира Новогодишен базар на ракотворби. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. Правните лица со барањето треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да достават копија од лична карта. Рокот за пријавување за учество во…

86 ГОДИНИ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД ПЕЧАТ НА „БЕЛИ МУГРИ“

На 25 ноември 2025 година се одбележуваат 86 години од објавувањето на антологиската збирка поезија „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин. По повод годишнината, во организација на Општина Велес и Локалната Библиотека „Гоце Делчев“, во медијотеката се прикажа документарниот филм „Бесмртниот“, што во чест на великанот го изработи библиотеката. Пред присутните гости се обрати проф.…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ПАЈАК ПЛАНИНА“

Започна реконструкцијата на улица „Пајак Планина“.Во тек се подготвителни градежни активности за реконструкција. По завршувањето на земјените работи улицата ќе се асфалтира.  

Вашето мислење е важно!

Денес во Општина Велес се одржаа јавни расправи по нацрт програмите за 2026 година на кои сите присутни имаа прилика да ги кажат своите предлози и мислења. Согласно можностите сите забелешки во периодот кој следува ќе се вградат во предлог програмите за наредната година. Непосредната комуникација со сите граѓани е исклучително важна, зашто само заедно…