НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ВЛАСИТЕ 23 МАЈ

Денеска се одбележува Националниот ден на Власите, 23 Мај. Влашката заедница остави големи траги во градењето на македонската држава и е составен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Власите исто како и нивните предци се лојални граѓани на својата татковина, работат и творат за нејзините интереси и се нераскинлив дел…

ЗАВРШИ ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „5РЕ“

Со стенд ап комедијата на мајсторот на имитациите Жарко Јовановиќ, вчеравечер, 21 мај, заврши второто издание на театарскиот фестивал „5РЕ“. Верната театарска публика со силен аплауз го награди стенд ап комичарот кој на мошне умешен начин ги долови карактерите на многу јавни личности низ резлични секојдневни ситуации. Не помалку интересни и забавни беа и останатите…

ПРЕТСТАВЕНИ ПРОЕКТНИТЕ ИДЕИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ReLOaD2”

Четириест и пет граѓански организации од осум општини имаа можност да ги претстават своите проекти за млади, социјална кохезија и инклузија, човекови права, заштита на животната средина, култура, туризам, кои ги имплементираат во рамки на Регионалната Програма за локална демократија во Западен Балкан „ReLOaD2”. На настанот кој се одржа во просториите во Европска куќа, Скопје,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека во сабота, 20.05.2023 година, на улица „Сараевска“ ќе се изведуваат градежни работи за  санирање на оштетувања на коловозот  од бехатон  на две локации. За непречено изведување на работите неопходно е улицата да биде исклучена од сообраќај во траење од 8 часа и тоа од 08:00 часот до 16:00 часот.…

Едукативна обука за безбедноста на храната во градинките

Вчера во Општина Велес, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе еднодневна едукативна обука за обновување и за стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи во Вардарски плански регион. Целта на едукацијата е да се превенираат инциденти поврзани…

СО ПРОМОЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА 9 МАЈ

По повод 9 Мај, Денот на Европа, Младинскиот центар во соработка со Општина Велес и со поддршка на Локалната библиотека Гоце Делчев, денеска одржа работилница на која се промовираа европските вредности. Ученици од ООУ Васил Главинов направија презентација на Италија, земја членка и основач на Европската Унија. Присутните се запознаа со најзначајните географски и демографски…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ 9 МАЈ

Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Во чест на жртвите на фашизмот, делегација на Општина Велес, советници, политички партии и претставници на институции, се поклонија пред неколку стотици паднати борци чии мошти почиваат во Спомен костурницата и положија свежо цвеќе. 9 Мај 1945 година е денот кога народот победи, а…

КОНКУРС за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023 година

Градоначалникот на Општина Велес врз основа на Предлогот од Организацискиот одбор на културната манифестација „60.Рацинови средби“ за објавување конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023 бр.08-1177/15 од 03.05.2023 година објавува:     К О Н К У Р С за доделување на наградата   „Рациново признание“ за 2023 година    Наградата „Рациново признание“…

5 МАЈ, ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И НА МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

„Да му го земеш јазикот на еден народ, тоа значи да му ја земеш душата“ Оваа безвремена мисла на нашиот великан, поет и револуционер Коста Солев Рацин е ѕвезда водилка на секој македонец што живее на ова парче земја но и на сите други, распостранети ширум светот, чиј мајчин јазик е македонскиот. Денес, 5 Мај,…

ДЕТСКИОТ ХОР СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ШПАНИЈА

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ под диригентската палка на Веселинка Маџарова го освои високото трето место на меѓународниот фестивал „Certamen Juvenil de Habaneras“ што се одржа во Тореавјеха, Шпанија. Градоначалникот Марко Колев денеска ги прими младите девојки во својот кабинет и изрази голема благодарност за успешното претставување на општината во светот, им посака успех…