ВЕЛЕС ГО ЧЕСТВУВА РАЃАЊЕТО НА БЕСМРТНИОТ РАЦИН

На денешен ден пред 113 години, во едно скромно грнчарско семејство во Велес се роди Коста Солев Рацин, детето на Апостол и Марија Солеви, кое учејќи го занаетот на татко му го осознаваше животот. Под светлината од гасиената ламба ги запишуваше своите мисли, чувства, надежи. Преку пишаниот збор се бореше против неправдата и ја воспеваше…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

Почитувани сограѓани, припадници на турската заедница во Општина Велес, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 21 декември, Денот на наставата на турски јазик. Да се зборува и образува на мајчин јазик е право на секоја индивидуа во едно слободно демократско општество. Нема ништо подрагоцено од негување…

ШВАЈЦАРИЈА ДОНИРАШЕ НОВО ВОЗИЛО ЗА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

Амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Н.Е. Вероник Улман денеска беше во работна посета на Општина Велес. Целта на посетата е промовирање на реализираните активности во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ , финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка а имплементиран од УНДП. На средбата со Градоначалникот Марко Колев и Претседателот на Советот…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА СО НВО СЕКТОРОТ ЗА ПРОЕКТОТ „ReLOaD2”

Денеска во големата сала на Општина Велес се одржа Јавна расправа со претставници на здруженијата на граѓани за проектот „ReLOaD2“ – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија. Во наредните три години, Општина Велес ќе учествува во овој проект, кој се спроведува од страна на Програмата за Развој на Обединетите…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ ГИ ИЗРАДУВА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУРЦ „МАЦА ОВЧАРОВА“ СО НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Во пресрет на Новогодишни празници, Градоначалникот  Марко Колев денеска им подели пакетчиња на учениците од ОУРЦ „Маца Овчарова“ и им посака добро здравје  и успех во учењето. Истовремено, советниците од Комисијата за заштита на правата на децата, заедно со учениците изработуваа новогодишни честитки.  

ОСУМГОДИШНИОТ МАРКО ЗАФИРОВ РЕПУБЛИЧКИ ПРВАК ВО ШАХ

Со медалот за освоено прво место на Републичкото првенство во шах за млади до осум години, третоодделенецот  Марко Зафиров денеска се сретна со Градоначалникот Марко Колев. Малиот Марко му раскажа на Градоначалникот за својата пасија во играње шах, што ја научил од својот дедо. Покрај шахот како хоби, кое му носи бројни пофалници и признанија,…

ООУ „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“ ВО Г.ОРИЗАРИ СО НОВ СИСТЕМ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ

Градоначалникот Марко Колев денеска беше во работна посета на општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во кое се реконструира машинската сала за парно греење. Се монтираат топловодни пумпи кои ќе работат на систем воздух – вода, со кои во голема мера ќе се заштеди гориво. Инвестицијата е вредна 2.200.000 денари,финансиски средства на училиштето.…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2022 ГОДИНА

Следејќи ги принципите за транспарентност, одговорност и отчетност Општина Велес денеска организираше јавна расправа по Нацрт буџетот на општината за 2022 година. Поради актуелната состојба со Ковид 19, јавната расправа се одржа онлајн. Учесниците на распаравата, граѓани претставници на Граѓански здруженија, бизнис секторот и локалните институции и установи имаа можност да ги кажат своите забелешки,…

Известување за добитници на стипендија согласно Одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2021/2022 година донесена од Советот на Општина Велес

Известување за добитници на стипендија согласно Одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2021/2022 година донесена од Советот на Општина Велес

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2022 ГОДИНА

Општина Велес ги информира граѓаните дека во петок, 17 декември 2021 година, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2022 година. Поради актуелната состојба со Ковид 19, Јавната расправа ќе се одржи онлајн преку платформата CiscoWebex. Заинтересираните учесници можат да се приклучат на расправата преку…