ПЛОШТАД КОЈНИК ГО ДОБИ СВОЈОТ НОВ ЛИК

Заврши реконструкцијата на плоштадот на Којник. Жителите на едно од најстарите велешки маала, но и останатите граѓани, добија пријатно катче за одмор и релаксација. Во периодот што следува ќе се изврши преуредување на бехатон плочките на улицата околу плоштадот, а веднаш потоа ќе започне и целосната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“.      

ПОДГОТОВКИ ЗА ИЗГРАДБА НА ДВА ПОТПОРНИ ЅИДА НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Во подготовка се два потпорни ѕида на улица „Белградска“. Со цел да се заштитат имотите на граѓаните и сообраќајот неопходна е изградба на потпорни ѕидови. Во тек се подготвителни зафати за изградба на два потпорни ѕида на улица „Белградска“ со кои ќе се обезбеди теренот пред реконструкција на улицата. Претходно се изврши целосна замена на…

83 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БЛАГОЈ КИРКОВ

Денеска се одбележуваат 83 години од загинувањето на македонскиот борец и учесник во НОБ Благој Кирков. Роден е на 23 март 1923 година во Горно Оризари, Велешко. Уште како гимназијалец Кирков бил организатор на младинското движење во Велешката гимназија, а од септември 1942 година се вклучил во редовите на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“. Од 1938…

Јавен повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на  член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14,…

ЧЕСТИТ БОЖИЌ!

Општина Велес упатува искрени честитки до сите православни верници по повод Христовото Рождество. Божјата милост да ги облее нашите срца и да ги исполни со мир и спокој во душата, да всади меѓусебна почит и разбирање, сочувство и солидарност. На денот на Христовото раѓање, Општина Велес посакува секој дом да биде исполнет со љубов, радост…

БАДНИКОВА ПОВОРКА НИЗ УЛИЦИТЕ НА ВЕЛЕС ЌЕ ГО НАЈАВИ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

Стотици дечиња и годинава ќе бидат дел од Бадниковата поворка која ќе го најави Христовото раѓање. Пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“ ќе го исполнат градот со празнична атмосфера и ќе не потсетат на значењето на овој голем христијански празник. Утре, вторник, Бадниковата поворка ќе тргне од црквата „Св. Кирил и Методиј“во 10:45 часот, ќе…

ПРВОТО БЕБЕ ВО ВЕЛЕС Е ЖЕНСКО

На 01 јануари, во 11:51 часот се роди првото бебе во Велес. На одделението за гинекологија и акушерство во Општа бочница Велес, на свет дојде Мила, принова во семејството Штериовски. Таа се роди со тежина од 2.700 грама и должина од 50 сантиметри. Мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Мајката и бебето ги…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА  МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 39 став (1) од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22, 65/23 и 192/25), член 85 став (1) од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/97, 25/00, 101/00, 50/01,…

Дедо Мраз дојде кај нас!

Детски џагор и безброј насмевки во преполниот Младински парк го пречекаа Дедо Мраз кој пристигна со својот ирвас и заедно со помошниците поделија околу 2000 пакетчиња. Благодарност до Мото клубот “Носачи на крстот МК” и сите кои се погрижија за радоста кај децата. Забавата продолжува попладне од 17 часот со магионичарско шоу на Диме Пупулиев,…

Ден исполнет со насмевки и празнична магија на Велес Winterfest!

Прекрасните звуци на детскиот хор “Св. Кирил и Методиј” го започнаа вториот ден на Велес Winterfest, љубопитни погледи и насмевки измамија елфовите на Дедо Мраз со своето шоу, а првиот дел од програмата го заокружи новогодишната работилница. За музичкиот дел од денот се погрижија Nonsense, DJ Popeye и Нина Јанева кои ги собраа велешани во…