КОНКУРС за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебна/студиска 2025/2026 година

За учебната/студиска 2025/2026 година, Општина Велес ќе додели: 19 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци. 15 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од…

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС НА ДРЖАВНИ, МЕЃУНАРОДНИ И ОЛИМПИСКИ НАТПРЕВАРИ

Сто шеесет и седум ученици од основните и средните училишта во Велес и 66 ментори добија награди и признанија од Општина Велес за нивните постигнати успеси на државни, меѓународни и олимписки натпревари за учебната 2024/2025 година. Во нивна чест денеска во Големата сала на Општина Велес се доржа свечена манифестација на која градоначалникот Марко Колев…

СЕ ИСЧИСТИ ДЕЛ ОД КОРИТОТО НА ОТОВИЧКА РЕКА

Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река. Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ Лисиче кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток…

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА „ПОТОКОТ“

Службите на ЈКП Дервен започнаа со неколкудневно темелно чистење на „Потокот“. Ќе се скастри обраснатото зеленило и со помош на механизација ќе се собира комуналниот отпад. Општина Велес со апел до локалното население да се грижи за хигиената со цел да се создаде и одржува чиста и здрава животна средина.  

ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОДДРШКА ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ

Општина Велес ќе ја исплати еднократната парична поддршка за сите запишани првачиња во учебната 2025/2026. На сметките на родителите односно старателите на децата, по тој основ,  ќе бидат исплатени вкупно 1.363.320 денари. По завршувањето на изборниот процес и прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка и обработка со што започнува исплатата…

81 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ВЕЛЕС ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ ВРАЧИ ДЕВЕТОНОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ

Општина Велес ја одбележа 81 годишнината од ослободувањето на градот. На свечена академија што се одржа во театарот Ј.Х.К.Џинот градоначалникот Марко Колев се обрати пред присутните гости. „Почитувани присутни, дозволете ми прво да го честитам празникот 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес. Ова е мое петто ображање за 9 Ноември, но прво во вториот…

ПОЧИТ ЗА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ЗА СЛОБОДА – ЧЕСТИТ 9 НОЕМВРИ ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

9 Ноември, е еден од најзначајните и најсветлите историски датуми за Велес и велешани. Годинава Велес слави 81 година од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. На овој ден пред 81 години херојството и пожртвуваноста на сите знајни и незнајни борци биле пресудни да се извојува долгопосакуваната слобода. По тој повод, денеска делегации на Општина…

ДАНИЕЛ ЈАНЕВСКИ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Даниел Јаневски е старо новиот претседател на Советот на Општина Велес. Со поддршка од речиси сите советници Јаневски беше избран на втората седница на советот и тој ќе претседава со него во наредните четири години. „Сакам да ви се заблагодарам за укажаната повторна доверба, за претседател на Советот на Општина Велес. Ова за мене не …

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Денеска се одржа првата конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес на која беа верификувани мандатите на 23 новоизбрани советници кои во наредните четири години ќе бидат гласот на народот. Новиот совет на Општина Велес го сочинуваат: Даниел Јаневски, Лилија Чолакова-Дервишова, Весна Атанасовска, Нада Јованова, Жарко Манасков, Елизабета Митревска-Анѓелеска, Александар Илиевски, Маја…

ЗАВРШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА СТОБИ 2025

Заврши 22 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби. Во чест на овогодинешните лауреати на фестивалот, на сцената на велешки театар се одигра претставата „Лекција“ во изведба на штипскиот театар. Фестивалот на античка драма ги прогласи своите победници во сите категории. Жири комисијата во состав: Јордан Витанов, Кристина Атанасова и Фаик Мефаиловски едногласно одлучи…