ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во петок, 06 октомври 2023 година, ќе започне асфалтирањето на улицата „Ганчо Хаџи Панзов“  и тоа од Спомен Костурницата и дел од улицата „Орце Шутев“ до раскрсницата кај двата дуќана на Јурија. Асфалтерските работи ќе се изведуваат во петок и сабота, 07 октомври 2023 година. Општина Велес со апел до жителите кои живеат и транзитираат…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВЕЛЕШКИТЕ ИЛИНДЕНЦИ ТОДОР ХРИСТОВ ОФИЦЕРЧЕТО И ЈОВАН НАУМОВ АЛАБАКОТ

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на велешките Илинденци, во центарот на градот, денеска се одбележа 119 годишнината од загинување на Тодор Христов Офицерчето и 115 годишнината од загинувањето на Јован Наумов Алабакот. Делегација на Општина Велес оддаде почит на војводите кои ги жртвуваа своите животи за слободна Македонија. Тодор Христов Офицерчето е воен…

ВРЕМЕН РЕЖИМ ЗА ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗА ВРЕМЕ НА ФЕСТИВАЛ НА ВЕЛЕШКА ПИТА И ВИНО „ПИТИЈАДА 2023“

Поради одржување на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2023“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 12:00 часот на ден 05.10.2023 година па се до 12:00 часот на ден 09.10.2023 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа: Улицата „Благој Ѓорев“ е затворена за одвивање на сообраќај на потегот од Трговскиот…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од утре, среда ( 04.10.2023 година)  до петок (06.10.2023 година)  ќе биде исклучен од сообраќај дел од улица „Вера Циривири“,  од потегот на спојот со улица  „Ѓорѓи Димитров“ до спој со улица „Бошко Златанов“. Причината за исклучување на овој потег е изведување на градежни работи за реконструкција на…

ВЕЛЕС ЈА ПОДДРЖУВА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА СЦЕНА!

Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2023“ од 6 до 8 октомври во Велес ќе донесе бројни музички имиња од Македонија, нудејќи програма за сите генерации. Петок, 6 октомври, отворање со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” и сечење на џиновската пита, а вечерта: 1. 5+ Бенд 2. Ефто Пупиновски 3. Пајак и Лара 4.…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ 28 СЕПТЕМВРИ

Општина Велес упатува искрена и срдечна честитка до сите припадници на бошњачката заедница по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, 28 Септември. Бошњачката заедница со сета своја културна, јазична и религиска различност го збогатува македонското мултиетничко општество и дава значаен придонес во општественоиот развој на секое поле. Општина Велес продолжува со негување на традицијата на градење…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со организирана рекреативна пешачка и велосипедска тура (off road патека) до врвот „Вршник” во Велес, беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили, 22 септември 2023 година На настанот, кој беше од отворен карактер, сите заинтересирани жители на Општина Велес, вљубеници во пешачењето и планинарењето, ученици од општинските средни училишта, Здруженија на граѓани, но и претставници на…

ПРЕДАДЕНИ ДОНАЦИИТЕ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со примопредавање на донации од пилатес топки со соодветни подлоги за вежбање, велосипеди за деца, топки за разни спортови, спортски реквизити, маички, освежителни пијалоци и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2023. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро”…

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА „ЗАЕДНО ЗА ПОДОБРО УТРЕ”, ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност во Општина Велес, денес во просториите на Европска куќа Велес се одржа панел дискусија со претставници на јавни институции, лица со попреченост и Здруженија на граѓани. Панел дискусијата насловена „Заедно за подобро утре” како дел од овогодинешните активности за одбележување на Европската недела на мобилност, Општина…

МЛАДИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023, денес во ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес се одржа едукативна работилница на тема „Безбеден сообраќај, безбедни велосипедисти, безбедни пешаци” со цел запознавање на присутните ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален…