РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДВОРОТ НА ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Започна реконструкцијата на дворот на општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Во тек се градежни активности за реконструкција на дворната површина зад училишната зграда. По завршувањето на овие зафати учениците ќе добијат уште еден функционален простор за одвивање на наставните активности, како и за одмор и рекреација.      

ИЗГРАДЕН ЕДНИОТ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Градежните работи за изградба на едниот потпорен ѕид на улица „Белградска“ завршија. Сега продолжува изградбата на вториот потпорен ѕид на истата улица. По изградбата на двата потпотни ѕида, ќе се пристапи кон реконструкција на коловозот со завршен асфалтен слој. Специфичната псотавеност на градот честопати ја наметнува потребата од изградба на потпорни ѕидови со цел да…

Интервјуто (фаза 2) по Јавниот повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП ,,Дервен’’

Интервјуто (фаза 2) по Јавниот повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП ,,Дервен’’ бр.25-5958/17 од 29.12.2025 година, ќе се одржи на 26 јануари 2026 година (понеделник), во 11,30 часот во Електронската сала на Општина Велес.

БЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НА ПЕШАЦИТЕ – ПРИОРИТЕТ ЗА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Освен реконструкцијата на патната делница кон населбата Превалец, во изминаттиот период се одвиваа градежни активности и за подобрување на состојбата на тротоарите долж колчовозот. Со оваа инвестиција која Општина Велес ја реализираше во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.  

СТОЈАН ИЛЧЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во посета на Општина Велес денеска беше 23 годишниот Стојан Илчевски кој на големиот христијански празник Богојавление – Водици имаше среќа прв да стигне до Светиот крст во водите на Вардар. Со градоначалникот Марко Колев разговараа за желбата да се биде дел од чинот на осветувањето на водите, за значењето на празникот и плановите во…

ЗАПОЧНА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

По завршувањето на зимскиот распуст, учениците се вратија во училишните клупи. Утрово започна второто полугодие од учебната 2025/2026 година. Учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село ја започнаа наставата во целосно реконструирана зграда, со значително подобри услови за одвивање на образовниот процес. Градоначалникот Марко Колев ги посети на првиот час и…

СТОЈАНЧЕ ИЛЧЕВСКИ ОД ВРНАЛИИТЕ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ

Дваесет и три годишниот Стојанче Илчевски од месноста Врналиите е најсреќниот од деведесет и седуммината велешани кои денеска скокнаа во ладните води на реката Вардар под Мало Мовче за да го фатат светиот животворен крст. Тој досега четири пати скокал по крстот во осветените води на Вардар, но годинава, со поддршка на неговата тајфа, успеал…

БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици, Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани кои сакаат да учествуваат на традиционалното фаќање на светиот крст од водите на река Вардар, да се пријават во просториите на Повардарската епархија денеска до 16:00 часот. Чинот на фрлање на светиот крст ќе се одржи во понеделник, 19…

ИЗВЕСТУВАЊЕ до граѓаните на Општина Велес за истекување на важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Општина Велес ги известува граѓаните на Општина Велес кои имаат поднесено барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти (легализација) а постапките им се во прекин поради некомплетна документација, дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/11, 54/11, 155/12, 53/13, 72/…,199/14,…..,190/17 и „Службен весник на Република Северна…

83 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

На денешен ден, 14 јануари, се навршуваат 83 година од смртта на народниот херој Благој Страчковски. По тој повод, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Страчковски во Младински парк. Благој Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште веднаш…