БОГАТА ПРОГРАМА НА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025“

Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености  и Здружението на пензионери од Велес вчеравечер беа дел од програмата на „Велешко лето 2025“. Со своите изведби полни со восхит  кон родниот град ја воодушевија бројната публика и покажаа дека со љубов и разбирање и со практикување на вистинските вредности може да се создаде подобро…

ИЛИНДЕНСКАТА КОЊАНИЦА ПОМИНА НИЗ ВЕЛЕС, МАРШОТ ПРОДОЛЖИ ДО КРУШЕВО ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН

Илинденската коњаница вчеравечер пристигна во центарот на Велес. Во духот на традицијата, со песна и оро ја пречекаа велешани посакувајќи им храбро и достоинствено да го продолжат патот кон славното Крушево. Учесниците на Илинденскиот марш се поклонија и оддадоа почит пред споменикот на Велешките илинденци. Илинденскиот марш е во организација на Здружението на граѓани „Илинденски…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Креативна работилница за најмладите во Комплекс УЗУС. Десетици дечиња цртаа, се забавуваа и нестрпливо го очекуваа омилениот Стич со кого се дружеа и играа разновидни забавни игри. За љубителите на филмската уметност пак викендов се одржаа две кино пероекции во Амфитеатарот „Бунтовната принцеза“ и „Душичката Ели“. На филмските проекции претходеа кино гејминг и натпревари во…

КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ЦРТАМЕ ЛЕТО“ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Љубителите на класичната музика вчеравечер имаа можност да уживаат во звуците на класичната музика во изведба на Пламенка Трајковска. Таа со гудачкиот квартет го изведе својот концерт „Балканско патување“. Програмата на „Велешко лето 2025“ продолжува вечерва  со креативна работилница „Цртаме лето“ и дружба со маскотата Стич. Настанот ќе се одржи на детското игралиште во Комплекс…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

Со градежна механизација се подготвува теренот за реконструкција на три краци во населба Превалец. По завршувањето на земјените работи, овие краци со вкупна должина од 165 метри ќе се бетонираат.

ХУМОР И ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ПРИРЕДИ СТЕНД АП КОМИЧАРОТ ПЕЏА БАЈОВИЌ

Најдобриот саат и кусур“  на стенд ап комичарот Пеџа Бајовиќ, вчеравечер во Амфитеатарот, ја насмеа и расположи велешката публика. Со настапот, ветеранот и пионер на стедн ап комедиската сцена ја одбележа својата две децениска кариера. Неговиот карактеристичен хумор не ги остави рамнодушни велешани кој во голем број дојдоа на уште една летна забавна вечер во…

НОВО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ОТВОРЕНО НА ЛЕВАТА СТРАНА ОД ГРАДОТ

Новото фудбалско игралиште на левата страна на градот, во близина на автобуската станица, вчера беше пуштено во употреба. Спортскиот терен го изгради општествено одговорната компанија Mozzart како дел од хуманитарната иницијатива насловена како „Фудбалот е повеќе од игра“. Игралиштето го носи името на велешкиот фудбалер Панче Ќумбев и е наменето за спорт и рекреација на…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Започнаа градежните работи околу реконструкцијата на водоводната мрежа на вториот дел од улицата „Белградска“. Во тек е промената на старата дотрајана водоводна мрежа  со нова. Во наредниот период ќе се изведат два потпорни ѕида на овој дел како и сите останати подготвителни зафати пред асфалтирање на улицата.  

СТЕНД АП КОМЕДИЈА НА ПЕЏА БАЈОВИЌ ВЕЧЕРВА ВО АМФИТЕАТАРОТ

Подгответе се за смеа и забава со стенд ап комичарот Пеџа Бајовиќ. Вечерва, во Амфитеатарот со почеток во 21:00 часот, на сцената ќе настапи комичарот со 20 годишна успешна кариера кои со своите хуморески ги засмејувал жителите на повеќе од 50 земји во светот. Стенд ап претставата на Бајовиќ е насловена „Најдобрите саат и кусур“…

СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ДВОРОВИ ПОД ВИДЕО НАДЗОР

Општина Велес постави видео надзор и на спортско-рекреативниот комплекс во населба Дворови. Терените ќе бидат под 24 часовен видео надзор кој има за цел да ја заштити урбаната опрема и спортските реквизити наменети за спорт и рекреација на сите граѓани. Во изминатиот период видео надзор беше поставен и на спортско – рекреативниот центар на ООУ…