Најдобрите спортисти ја одбележаа 2025 година!

Во организација на Сојуз на спортови Велес вчеравечер традиционално беа наградени најдобрите од спортот! Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации, звучни имиња кои се запишале меѓу најдобрите во Велес, Македонија, но и Европа и светот. А своето име како најдобар спортист на Велес за 2025 година го запиша Ангел Петрушев, кајакар од…

ВЕЛЕС WINTERFEST ЗАПОЧНА!

“Веселите ѕвончиња” заедно со Дедо Мраз ги поделија првите насмевки и весели звуци а најмладите велешани излегоа и уживаа во секоја испеана нота. Програмата продолжува со БС Анабела, омилените маскоти Мики и Мини и DJ Flexify. За целосно доживување во овој студен ден тука се и ракотворците со своите уникатни изработки, како и куќарките со…

ПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА ВО ВЕЛЕС

Под слоганот „Велес – магијата почнува дома!“ од денеска, 26 декември, започнува новогодишната зимска бајка Винтерфест Велес. Во Младински парк е подготвено за највеселите денови во градот, со кои ќе ја испратиме старата и ќе ја дочекаме Новата 2026 година. Во прекрасен новогодишен амбиент граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапите на бројните музички…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМАЛИТЕ

Дедо Мраз пристигна во детските градинки. Вчера и денес беа поделени пакетчиња на децата од сите осум клона на Детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес, Караслари и во Градско. Новогодишните пакетчиња се донација на Општина Велес. Патувањето на Дедо Мраз ќе продолжи во недела, 28 декември, во 13:00 часот во Младински парк.

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2025 ГОДИНА

На крајот од годината кога се сумираат сите постигнати резултати, Општина Велес традиционално ги наградува најуспешните, најталентираните и најхуманите граѓани. Од името на градоначалникот Марко Колев, заменик градоначалничката Елизабета Митревска Ангелеска им посака добро здравје и уште поголеми успеси во новата 2026 година. Таа ја упати својата новогодишна честитка до сите присутни. „Ви посакувам многу…

ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ПРОГЛАСАТ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2025 ГОДИНА

На 26 декември 2025 година (петок), на брод Панини, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи спортската манифестација „Избор на спортист на годината 2025“. Настанот е во организација на Сојузот на спортови Велес и Општина Велес. Ќе бидат прогласени најуспешните спортисти, тренери, спортски екипи, спортски работници, судии. За своите постигнати резултати во индивидуални и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од вторник, 23 декември 2025 година, ќе се изведуваат градежни зафати за санирање на оштетување на дел од улицата „Киро Ќучук“. Поради тоа, на улицата нема да се одвива сообраќај на потегот од спој со улицата „Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“. За време на изведување на…

117 ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Во семејството на сиромашниот грнчар Апостол Солев, во далечната 1908 година, на денешен ден, се родил Коста Солев Рацин, кој уште од најрана возраст  го осетил сиромашниот живот па морал да учи и да работи во грнчарската работилница на неговиот татко. Но и покрај тешкиот живот, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е…

СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ОШТЕТЕНИ ТРОТОАРИ

Се реконструира тротоарот на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ наспроти локалната библиотека „Гоце Делчев“. Започнати се градежните активности за реконструкција на оштетениот тротоар. Во изминатиот период беа реконструирани и дел од тротоарите на улиците „Костурска“ и „Тодор Јанев“ со што се овозможи безбедно и непречено движење на пешаците на овие делници.