ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2024 ГОДИНА

На денешната Новогодишна свеченост, Општина Велес ги награди најуспешните работници за 2024 година. Од името на градоначалникот Марко Колев, заменик градоначалникот Коста Нојков им посака добро здравје и нови успеси во новата 2025 година. Воедно им ја честита Новата година на сите граѓани на Општина Велес. „Од името на градоначалникот Марко Колев, од името на…

ВЕЛЕС ВО ПРЕДНОВОГОДИШНА БАЈКА

И покрај лошото време, велешани присуствуваа на отворањето на новогодишната бајка во Младински парк „Винтерфест Велес“. Мечето Теди беше задолжено да ги пречека и да им подели топли прегратки за добредојде, а ДЏ сетовите на Popeye и Shorty P ги развеселија присутните на забавата. Во Младински се чувствуваше мирисот на греано вино, топла ракија и…

ПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА ВО ВЕЛЕС

Почнува зимската бајка во Младински парк во Велес. Годинава, пет дена, од 25 до 30 декември, велешани ќе имаат можност да уживаат во предновогодишната забава насловена „Винтерфест Велес“. Бројни забавувачи, пеачи, групи, маскоти, со својот репертоар ќе се потрудат да ги развеселат последните денови од годината. На радост на најмладите, Општина Велес се погрижи да…

116 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Денеска, 22 декември, се навршуваат 116 години од раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Великанот е еден од основоположниците на современата македонска книжевност и литература. Неговата стихозбирка ,,Бели мугри,, која е издадена во Загреб во 1939 година е едно од нсјзначајните дела во современата македонска поезија во која поетот ја опејува тешката мака…

ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ЗА БИЗНИС И ИТ ХАБ ВО ЈП ПАРК СПОРТ И ПАРКИНЗИ

Се реконструира околу 800 квадратни метри деловен простор во јавното претпријатие Парк спорт и паркинзи кој ќе биде наменет за бизнис и ИТ хаб, во кој поединци и компании ќе можат да работат на заеднички и индивидуални проекти. Фирмата Брих ДОО Велес, што го зема под закуп просторот,  деновиве интензивно работи на реконструкција со цел…

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 02/2024 за унапредување на административен службеник во Општина Велес

Општина Велес објавува Интерен оглас за унапредување на административен службеник за следово работно место:     УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за внатрешна ревизија – 1 извршител.   Општи услови -да е државјанин на РСМ, -активно да го користи македонскиот јазик, -да е полнолетен, -да има општа здравствена способност за работното место,…

НОВ УЧИЛИШЕН ИНВЕНТАР ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ И ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Децата од основните училишта „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ добија нов училишен инвентар. Набавени се 544 училишни клупи, 1056 столчиња и друг дополнителен инвентар со цел да се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовниот процес. Вкупната вредност на инвестицијата е околу четири милиони денари. Општина Велес продолжува со инвестиции во образовнието во градот.  

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време во Територијална противпожарна единица на Општина Велес

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за…

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ЗА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК ПО ПАТ НА УНАПРЕДУВАЊЕ

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61, 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 14/20), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните…