ИЗВЕСТУВАЊЕ – реконструкција на коловозот на улица „Димитар Влахов“

На 30 октомври 2024 година, среда, на улица „Димитар Влахов“ на потегот од автопералната до спој со ул „Илинденска“ (кај нов кружен тек ) Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта Велес  ќе врши реконструкција на коловозот на тој дел од улицата. Реконструкцијата е предвидена со гребење и асфалтирање. Се замолуваат граѓаните на…

Известување – Детски Рацинови средби

Почитувани, поради настанати технички проблеми на е-маилот на коштој ги испраќавте вашите говори за ораторство, рецитатори, ИКТ изработки и поетски творби, ве замолуваме, истите да бидат препратени на 57detskiracinovi@gmail.com Конкурсот се продолжува до 5.11.2024 година. Ви благодариме на разбирањето. Со почит ОО на 57. Детски Рацинови средби

ИЗВЕСТУВАЊЕ – реконструкција на дел од улица „Орце Шутев“

Од денеска, понеделник, 28.10.2024 година, започнуваат градежни активности за реконструкција на дел од улица „Орце Шутев“, крак што започнува од број 32 па се до спој со улица „Јовче Ќучук“ до број 9. Во текот на изведување на градежните активности ќе се користи градежна механизација, поради што кракот „Орце Шутев“ ќе биде затворен за сообраќај.…

ОПШТИНА ВЕЛЕС СО ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ И МЕНТОРИТЕ СО ОСВОЕНИ НАГРАДИ

Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им следува на учениците и менторите кои освоиле награди во учебната 2023/2024 година а ваквата пракса ќе продолжи и во наредните школски години. Финансиската поддршка има за цел да ги мотивира учениците…

ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА И ЗАНАЕТЧИИТЕ ВО ВЕЛЕС

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик министерот Марјан Ристески, заедно со градоначалникот Марко Колев денеска одржаа состанок со бизнис секторот и занаетчиската комора во Велес. Целта на состанокот беше запознавање на бизнис секторот со законост за нефер трговски практики и активните мерки на министерството за екеономија и труд. Заменик министерот Ристески истакна…

80 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ

Денеска се одбележува 80 годишнината од загинувањето на истакнатиот македонски партизан од Велес Јовче Тесличков. Јовче Тесличков е роден на 17 октомври во 1925 година во Велес. Учествувал во НОБ како дел од осмата велешка ударна бригада. Истакнат член е на велешката подгрупа на македонската комунистичка партија. Загинува на 24 октомври во 1944 година во…

ЧЕСТИТ ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, 23 ОКТОМВРИ

Општина Велес го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Овој голем национален празник го симболизира континуитетот на македонската борба за независност. Идеалите на македонската револуционерна организација и на македонските револуционери остануваат да ни бидат вечен мотив во сите сегашни и идни борби и желби да ја зачуваме слободата и независноста, достојно да ги…

ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ И ЗА ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација од компанијата ОКТА. Заштеда на потрошувачката на електрична енергија и зголемување на продуктивноста во работењето, преку поставување на фотоволтаици, ќе имаат сите основни и средни училишта во Велес. Денеска градоначалникот Марко…

СООПШТЕНИЕ

Ве известуваме дека на ден 18.10.2024 година ( петок) од 16:00 часот ќе се започне со одбележување (хоризонтална сигнализација) на улицата „8ми Септември“. Активностите се предвидени да се одвиваат и во сабота и во недела до 20.10.2024 година. Со цел непречено изведување на одбележувањето, сообраќајот во наведениот временски период ќе биде пренасочен по улица „Гоце…

СООПШТЕНИЕ

Советот на Општина Велес, на денешната редовна 55 седница, донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост, поради трагичната смрт на тројца наши сограѓани кои го загубија својот живот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2024 година на автопатот Скопје – Велес. Во…