Јавен повик за предлагање на кандидат за член на Советот на млади на Општина Велес

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ” бр.05/02), член 44-а од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 3/09, 18/10, 15/14,15/18 и 6/19), а согласно Одлуката за основање на Совет на млади на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“бр. 15/14) Градоначалникот на…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – УЧЕСНИК НА TECH4MUNI ИНОВАЦИСКАТА ТРКА

Голем број на идејни решенија за предизвици со кои се соочуваат општините можеа да се чујат на денешниот иновациски спринт Тech4Muni каде за прв пат 16 млади македонски компании имаа можност да ги претстават своите креативни идеи пред претставници на општините. Настанот го отвори Горан Милевски, министер за локална самоуправа кој ја истакна важноста од…

ПРОМОВИРАН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА РОМИТЕ ВО ВЕЛЕС

Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми“ кој е финансиран од Европската унија, а е под-грант на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“, Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар” (ЗРДИЦМ) од Скопје изработи документарен филм кој денес беше промовиран во Општина Велес. Во името на градоначалникот Коцевски, на Советот при Општина…

ПРЕТСТАВНИК ОД КОМИТЕТОТ ЗА РЕГИОНИ НА ЕУ НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО ВЕЛЕС

Делегација предводена од Известувачот на Комитетот за региони на Европската Унија, Јарослав Хлинка денес оствари работна средба со градоначалникот Коцевски. Комитетот за регионите, со седиште во Брисел, претставува советодавно тело на Европската комисија кое има улога да ги изнесува и предлага ставовите на локалните и регионалните власти во врска со законодавството на ЕУ, по пат…

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста

Почитувани сограѓанки и сограѓани,Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 8 Септември, Денот на независноста. Посакувам овој ден да донесе нови и големи успеси за секого од Вас и Вашите блиски, како на приватен, така и на професионален план. Општина Велес пред себе постави цврсто зацртани цели…

ВЕЧЕР ВО ЗНАКОТ НА ВЕЛЕШКАТА СТАРОГРАДСКА ПЕСНА

„Дрво јаворово”, „Мара Акчиева” и многу други староградски песни беа дел од годинешната единаесетта по ред „Вечер на староградски песни” која традиционално ја организира ансамблот на староградски песни „Распеани велешани”. Настанот е организиран во чест на празнувањето на 8 Септември, Денот на независноста.Магијата на звуците од препознатливите велешки староградски песни во Младинскиот парк, вечерва ја…

НОВ СОВРЕМЕН ПАТ ЗА СЛИВНИК И РЕГИОНОТ

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, пратеникот во Собранието на РСМ, Панче Иванов и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес во просториите на Општина Велес остварија работна средба на која разговараа за…

ПОГОЛЕМА ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛИЦАТА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Претставници на Министерството за труд и социјална политика, денес присуствуваа на работен состанок со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на којшто разговараа околу утврдувањето на улогата, можностите и потенцијалите за вклучување на општината во остварување и заштита на правата на лицата со попреченост. Министерството за труд и социјална политика веќе ја спроведува Националната стратегија…

Отворена изложбата „Божествен премин” од Новица Трајковски

Во ликовниот салон во Велес, во текот на вчерашниот ден беше отворена изложба на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Општина Илинден, насловена „Божествен премин”, која градоначалникот Коцевски ја прогласи за отворена. „На триесет дела, масло на платно се претставени сцени од убавините на македонските стари градби и неимарството на нашите стари мајстори, кои…

Потпишан договорот за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа и општините од Вардарскиот регион

Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа осмата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион на која присуствуваа градоначалниците на општините во Вардарскиот регион како основачи на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз…