ЗИМСКА ЕКО МИСИЈА – ВЕЛЕС СЕЛЕКТИРА

Општина Велес во соработка со колективен постапувач ТЕКСОМАК организира едукативен настан за правилно управување со отпад од текстил за деца и млади на ден 11.12.2025 година во “Големата сала” на општина Велес со почеток во 18 часот. Од големо значење е да се разбере важноста на овој вид на отпад и колку  е важна реупотребата,…

МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛНАТА СОРАБОТКА НЕОПХОДНА ЗА ПРЕВЕНИРАЊЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО

Во рамки на кампањата „16 дена активизам  – Обединети против насилството врз жените и девојчињата“, во Општина Велес се одржа средба на која се дискутираше за најгорливиот проблем во локалната заедница,семејното насилство. На средбата што ја организира Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Велес и Организација на жени Велес, присуствуваа претставници на СВР…

83 ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА СЕМЕЈСТВАТА МИТРЕВИ И КАПЧЕВИ

Денеска се одбележуваат 83 години од загинувањето на велешките семејства Митреви  и Капчеви. На 10 декември во 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле  Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви  како и  Трајко, Илија и Ката Капчеви. Од голема историска важност е борбената…

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО, 5 ДЕКЕМВРИ

По повод 5 декември, меѓународниот Ден на волонтерството, Младинскиот центар од Велес, во соработка со Локалниот младински совет на Општина Велес, а со поддршка на Европска куќа, Велес, организираа настан за млади „Велес волонтира: Работилница за активизам и заедничка акција”. На настанот присуствуваа ученици од општинските основни и средни училишта, претставници на училишните заедници, претставници…

БОЖИЌЕН ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ СО ИВАН БОСИЉЧИЌ

Во соработка со Театар Ј.Х.К.Џинот и ОО Црвен Крст Велес, Општина Велес организира хуманитарен божиќен концерт на кој ќе настапи српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ со поетско-музичка вечер насловена како „Наша вечер“. Концертот ќе се одржи на 4 јануари со почеток во 20:00 часот на сцената на велешкиот театар. Цената на билетите ќе изнесува…

3 ДЕКЕМВРИ,МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

„Градење на инклузивни општества за унапредување на социјалниот напредок“ е мотото под кое годинава се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.  Ден што потсетува дека  овие граѓани сé уште се соочуваат со бариери во нивниот секојдневен живот, сé уште наидуваат на пречки на патот кон остварување на своите соништа. Крајно неопходна е…

СЕ УРЕДУВА НОВИОТ ПАРКИНГ НА МЕСТОТО НА СТАРИОТ ТЕАТАР

Се уредува паркинг просторот на местото на стариот театар. Во тек се градежни активности за поплочување со бехатон плочки и уредување на новиот паркинг лоциран на просторот на поранешниот театар. Со новите паркинг места ќе се овозможи намалување на сообраќајниот метеж во градот.

КОНКУРС ЗА „ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2025“

Сојузот на спортови на Велес објавува конкурс за избор на најуспешни спортисти, тренери, спортски екипи, спортски работници, судии, манифестации и други спортски признанија на Општина Велес за 2025 година. Наградите и признанијата се доделуваат за постигнати резултати во индивидуални и екипни спортови во тековната година. Право на предлагање на кандидати имаат само спортските клубови и…

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОН НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

По завршувањето на подготвителните зафати, почна асфалтирањето на регионалниот пат кон населба Превалец. Во соработка со ЈП за државни патишта утрово се реализираат завршните работи за реконструкција на дел од регионалниот пат кон населба Превалец. Во тек е постилање на завршен асфалтен слој на оваа делница. Во наредниот период ќе се работи на подобрување на…

Извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми и водоводи

Според резултатите од последните Извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми и водоводи, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека во најголем дел од испитаните примероци, водата од природните чешми и водата од водоводи во населени места (освен водоводот во село Црквино) не соодветствува…