УЛИЦАТА “ЖИВКО ФИРФОВ” ДОБИВА НОВ ЛИК!

Во тек е поставување на ивичници и целосна реконструкција на тротоарот на улица “Живко Фирфов” со бехатон плочки. Овие зафати се во склоп на започнатите градежни активности за реконструкција и асфалтирање на оваа улица. Поубав Велес станува реалност!

ПОКАНА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА

Почитувани,   Општина Велес организира јавна расправа во врска со Студија за Оценка на влијание врз животната средина и социјалните аспекти  (ОВЖССА) за проектот за изградба на гасоводна делница св.Николе-Велес во должина од 28 км, која ќе се одржи на  ден 10.03.2023 год. (петок), со почеток во 10.00 часот, во просториите на Општина Велес (голема…

НАСКОРО ЕВРОПСКА КУЌА ЗА МЛАДИ ВО ВЕЛЕС

Во посета на Општина Велес денеска беше евроамбасадорот Н.Е. Дејвид Гир. Заедно со градоначалникот Марко Колев потпишаа Меморандум за разбирање за Европската куќа во Велес. „На мое огромно задоволство денеска заедно со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ во Македонија, потпишавме Меморандум за разбирање за Европска куќа во Велес со што уште еднаш ја потврдивме…

19 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

На денешен ден пред 19 години, во авионската несреќа што се случи во близина на Ротмиље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, загина велешанката Анита Кришан Лозаноска. Таа беше дел од од осумчлената делегација на чело со претседателот Борис Трајковски, која патуваше на меѓународна конференција во Мостар, кога се случи несреќата. По повод годишнината,…

Конкурс за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“. Финансиските средства во висина од 400.000,00 денари за делегираната надлежност се  обезбедени…

Конкурс за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација Фестивал на комедија„ 5ре“ на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација Фестивал на комедија 5ре. Манифестацијата е маратон на театарски комедии, претстави и перформанси кои освен во театарски простор може…

79 ГОДИНИ ОД ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД

Годинава се навршуваат 79 години од славниот Февруарски поход од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. 21 февруари, светол датум од историјата кој не згаснува и трајно го чува споменот за човечкиот непокор. На овој ден се потсетуваме на херојските подвизи на борците, нивната издржливост и нивната верба за посветла иднина. Февруарскиот поход игра важна…

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ КОН ЕЗЕРО МЛАДОСТ!

Денес започна асфалтирањето на првите 1200 метри од оваа делница и ќе трае до среда, поради што патот е затворен за сообраќај. Продолжуваат и градежните зафати за реконструкција уште на еден километар во продолжение, а ќе продолжи се до предвиденото над Ресторан “Бела вода”. Благодарност до ЈПДП за одличната соработка во реализација на проектите во…

ПОМОШНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК ДОБИВА НОВ ЛИК!

Култното игралиште во Градски парк, народски познато како ракометно, целосно ќе се реконструира. По завршување на сите подготвителни активности ова игралиште ќе добие целосно нов лик со современа подлога по што граѓаните ќе добијат уште едно катче за спорт и рекреација. Инвестицијата во спортот е инвестиција во здравјето на сите нас! Продолжуваме посветено!

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Регионалниот пат кон езеро Младост ќе се асфалтира. Заради непречено одвивање на градежните работи патот е затворен и сообраќајот е пренасочен по автопатот од каде може да се стигне до туристичките капацитети и рестораните покрај езерото. Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и трпение со цел градежните работи да се реализираат непречено и во предвидениот…