ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Општина Велес за прв пат годинава организира Велешко лето за забавни летни денови. Настани исполнети со музика, литература, и уметност ќе бидат дел од секојдневието на велешани. Сите ваши креативни идеи за учество во културните настани во рамки на Велешко лето се добредојдени и можете да ги доставите на veleskoleto@veles.gov.mk    

УЧУТМИ ЛЕТНАА ВО ВЕЛЕС

Педесетина ученици од основните училишта во Велес утрово летаа учутми на платото пред Спомен костурницата. Иницијативата „Време на летала“ потекна од советничката група Левица при Советот на Општина Велес, кој со финансиски средства во висина од 30 илјади денари го поддржа изработувањето на учутмите. Учениците со поддршка на своите наставници изработија вкупно 75 учутми, сите…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од денеска,  17 јуни, (понеделник) започнаа градежни работи за реконструкција на дел од улица „Никола Вапцаров“  од спој со улица „Тодор Јанев“ во должина од околу 150 метри. За време на изведувањето на градежните работи  улицата  ќе биде исклучена од сообраќај и ќе биде  поставена  соодветна сообраќајна сигнализација.…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА КОЧО РАЦИН НА ЛОПУШНИК

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на местото на погибјето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. На Лопушник денеска се одбележа 81 годишнината од смртта на творецот на „Бели мугри“. Пред споменикот подигнат во чест на поетот се поклонија и ултрамаратонците кои успешно го завршија…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА „ЛУЈ ПАСТЕР“

Започнува реконструкција на водоводната линија  на улицата „Луј Пастер“ за водоснабдување на комплекс згради Атлантис. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 90 дена. Трасата за работа започнува од спој со улица „Благој Ѓорев“ над игралиштето Тунел, поминува по цела должина на улицата „Луј Пастер“, наспроти цигланата „Киро Ќучук“, поминува под пругата и продолжува…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА СВЕТСКИ КУП ВО КАЈАК СПУСТ

Повеќе од 230 учесници од 17 земји во светот викендов ќе се натпреваруваат во двете кола од Светскиот куп во кајак спуст. На 15 и 16 јуни граѓаните ќе имаат можност да проследат професионални спустови на докажани имиња и повеќекратни освојувачи на светски и европски титули. Организатор на овој спектакуларен спортски настан е Кајак Кану…

ГРАДСКИОТ БАЗЕН ОТВОРЕН ЗА КАПАЧИТЕ ОД СРЕДА, 12 ЈУНИ

Градскиот базен „Лидо“ во Велес започнува со работа. Од утре, 12 јуни, од 09 часот  ги отвора вратите за капачите. Посетителите секојдневно ќе можат да ги користат услугите за пливање до 19 часот. Влезницата за дневно капење ќе изнесува исто како и минатата година 100 денари, додека сезонската влезница чини 2.000 денари и таа е…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „СТРАШО ПИНЏУР“

Се реконструираат улиците „Гоце Делчев и „Страшо Пинџур“. Во тек е гребење на постоечкиот асфалт. По завршувањето на подготвителните активности, реконструкцијата на овие две улици ќе заврши со асфалтирање, со што улиците во центарот на градот ќе бидат целосно опфатени и реконструирани.

61 РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Добитничка на овогодинешното Рациново признание, според одлуката на жири комисијата е Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“, а Почесното Рациново признание годинава се доделува на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, за афирмација на македонскиот јазик и култура надвор од границите на земјата. Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се…