ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 8 СЕПТЕМВРИ

Општина Велес упатува честитки до сите граѓани по повод независноста на Република Македонија. На 8 Септември годинава се одбележува 34 годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија. На овој светол датум го славиме раѓањето на една нова ера од битисувањето на македонскиот народ кој со векови се борел со единствена мисла, слободна и самостојна држава.…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА АЛЕСКО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Денеска се навршуваат 64 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна Алексо Демниевски Бауман. По тој повод градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и претседателот на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, положија свежо цвеќе пред неговата спомен биста. Почит на Бауман му оддаде и делегација на…

НОВ ПАРКИНГ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

Во тек се градежни работи за изградба и уредување на паркинг простор кај новоизградениот кеј на реката Вардар до Мало мовче. Со изградбата на овој паркинг простор ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража.  

ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА ИСТОРИСКОТО И КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО НА ВЕЛЕС

Во рамки на Годишната програма за 2025 година, министерството за култура и туризам издвои околу 20 милиони денари за поддршка на проекти во Велес за развој на културата и негување на историското наследтсво во Велес. За таа цел, министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со директорот на Националниот конзеравторски центар Александар Јордановски и…

84 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПОЕТОТ И РЕВОЛУЦИОНЕР КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Денеска се одбележуваат 84 години од смртта на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски. Пред спомен бистата на поетот, во кругот на средното стручно училиште, што го носи неговото име, делегации на Општина Велес и на јавни институции положија цвеќе и му оддадоа почит. Коле Неделковски е роден во велешкото село Војница. Тој  е еден…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА Ј.Х.К. ЏИНОТ

Денеска се одбележуваат 143 години од смртта на учителот, преродбеникот, просветителот Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод, делегација на Општина Велес му оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Св. Спас“. Јордан Хаџи Константинов Џинот е еден од најистакнатите борци за опстанок и развој на македонскиот народен јазик.…

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦА БЕЛГРАДСКА

Со постилање на втор асфалтен слој денес заврши реконструкцијата на улица Белградска. Сите недостатоци од претходно нанесениот асфалт беа отстранети на товар на фирмата изведувач, со што го задржавме квалитетното извршување на работите во Општината. Оваа фрекфентна улица повеќе од 20 години наназад била запоставена поради нејзината должина и специфичноста на теренот, но со денешните…

ОДЛИЧНА ПРЕТСТАВА ЗА НАЈМАЛИТЕ!

Вчеравечер во преполниот Амфитеатар децата отпатуваа “Во царството на другарството” во рамки на програмата на “Велешко лето 2025”. Најмалите уживаа, се смееја, пееја, но и се едуцираа заедно со актерите од Театар Хит на оваа актуелна тема.  

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои живеат или  транзитираат на улица Белградска на потегот од спој со улица Киро Ќучук до спој со улица Димитрие Чуповски дека почнувајќи од утре – САБОТА 16.08.2025 година па се до СРЕДА -20.08.2025 година да не ги паркираат своите возила на улицата заради потребата од започнување со асфалтирање.…

ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО КУЌАТА НА КАСАПОВИ

Во организација на Клубот на пистаели „Коста Солев Рацин“ вчеравечер во Куќата на Касапови се одржа традиционалната Велешка поетска вечер. Десетици автори и љубители на поезијата од цела држава дадоа парче од својата душа преку напишаните стихови. Прекрасниот амбиент го комплетираше музичарот Николче Николов – Никица со најубавите традиционални велешки песни. Програмата на „Велешко лето…