ИЗВЕСТУВАЊЕ – ГРАЃАНСКИ СЕРВИС ЦЕНТАР

Почитувани, Ве известуваме дека од денес, 12 март 2020 година (четврток), Граѓанскиот сервис центар, при Општина Велес, времено ќе биде затворен, во времетраење од 14 денови. Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на Граѓанскиот сервис центар, во гореспоменатиот временски период, може да остварат контакт со Општина Велес по електронски пат: На официјалната интернет страница…

Известување за јавност

Почитувани, Од денес, 11 март 2020 година (среда) сите предучилишни установи (детски градинки) и сите основни училишта на територијата на Општина Велес, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19, односно корона вирусот, во времетраење од 14 денови. Согласно владината одлука, се…

Известување за јавност

Почитувани, Согласно последните препораки и насоки издадени од Владата на Република Северна Македонија за зајакнување на мерките на заштита со цел спречување на ширењето на корона вирусот, упатуваме апел до сите граѓани на Општина Велес своето доаѓање и присуство во општината да го намалат, освен во случаи кога има неопходна потреба да се јават во…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЦЕ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД 8 МАРТ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

Почитувани сограѓанки, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Денес, повеќе од било кога, важно е да се потсетиме дека правата кои ги ужива современата жена не се едноставно стекнати, туку дека за нив жените се избориле, а таа борба не…

ЈАВЕН ПОВИК ДО ЗАНАЕТЧИИТЕ

Општина Велес ги повикува занаетчиите од Велес регистрирани согласно Законот за занаетчиство (Службен весник на РМ, бр. 215 од 07.12.2015 година), да се вклучат во проектната апликација „Креативни можности во туризмот- CounT“ во рамките на ИНТЕРРЕГ – ИПА прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, финансирана од ЕУ. Проектот предвидува создавање на соодветен…

КОЦЕВСКИ И СУГАРЕСКИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО ПОМОШ НА СВЕТСКА БАНКА ВЕЛЕС ЌЕ ГИ РАЗВИВА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА

Подобрување  на квалитетот и безбедноста на локалните патишта, подобрување на пристапот на граѓаните до објектите од јавен интерес, зајакнување на капацитетите на општините за управување со локалните патишта, рехабилитација на локалните патишта за да се подобри нивниот квалитет, безбедност и отпорност. Ова се само дел од компонентите на Проектот  за поврзување на локалните патишта финансиран…

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ОД СОВЕТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

На денешната седница на Советот за јавно здравје на Oпштина Велес, во присуство на Др.Анастасија Ивановска, Др.Ненад Коциќ, Др.Катица Николова, Драги Ртовски и Габриела Трајковска, на која беа поканети и претставници од ЈЗУ Општа болница (Др.Божидар Бојаџиев и Др.Силвана Мишкова) и од ЈЗУ Центар за јавно здравје (Др.Билјана Трајкова), беше презентирана актуелната ситуација и насоки…

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ВЕЛЕС

При денешната посета на градскиот стадион „Зоран Паунов” во Велес, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го најавија почетокот на градежните работи за реконструкција на стадионот. Во името на Советот на Општина Велес, спортските работници,  на ЖФК „Борец“ и ФК „Борец” и сите граѓани, градоначалникот…

СТАРТУВА ИПА 2020 – НОВА ЕУ ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ

Денес во Општина Велес беше презентирана новата  Програма  на ЕУ за подготвителни активности за ИПА 2020 – Програма за поддршка на општините. Програмата ја презентираа Клаус Рихтер, тим лидер на проектот и Бардил Марку, клучен експерт за обука. На средбата со градоначалникот Аце Коцевски што ѝ претходеше на јавната презентација, Рихтер и Марку ги образложија…

16 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

По повод 16-годишнината од трагичниот настан што се случи на 26 февруари 2004 година, кога во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина загинаа претседателот Борис Трајковски и осум членови на екипажот, меѓу кои и велешанката Анита Кришан Лозаноска, денес делегации на Општина Велес и од кабинетот на претседателот Пендаровски, положија…