Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија – Проект за подобрување на општинските услуги МСИП – MSIP-NCB-108-19

Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП MSIP-NCB-108-19 1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари,…

Дебата за зајакнување на новинарството на локално ниво

Дали новинарството во внатрешноста изумира? На ова прашање денес се обидоа да дадат одговор новинарите од повеќе печатени и електронски медиуми кои дебатираа на оваа тема во просториите на Општина Велес. На дебатата на која присустуваше и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски се бараа решенија како да се обноват медиумите на локално ниво а…

Коцевски: „Најважен приоритет за мене е здравјето на велешани“

„Колку менаџментот на фабриката за масло „Благој Ѓорев“ е општествено одговорен кон граѓаните на Општина Велес? “,„Каква  е техничката исправност на силосот односно на сондата која треба да ја мери темпертатурата во силосот?” и „Каков е планот за справување со пожар во силосот и дали воопшто го има?”, се дел од прашањата кои градоначалникот на…

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ВО ВЕЛЕС

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес беше во посета на Општина Велес која е првата општина во која Пендаровски го започнува проектот „Лице во лице со претседателот“. Според утврдената агенда, претседателот Пендаровски го посети опожареното подрачје на езерото „Младост”, каде заедно со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, претставници од Советот на Општина…

Општината не е известена за пожарот во Маслодајна

Во рамките на посетата на претседателот Пендаровски, градоначалникот Коцевски даде изјава за медиумите во врска со последните случувања со чадот кој се ширеше деновиве од фабриката за масло „Благој Ѓорев“ „Жестоки се реакциите на нашите сограѓани на социјалните мрежи и сосем се оправдани. Во Велес еколошката свест е многу висока и јас целосно ги разбирам.…

ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО ВЕЛЕС

Денес немаше место за автомобилите во центарот на градот. Наместо автомобили, денес велешани можеа да возат велосипеди, ролери и скироли, но и слободно да пешачат по главната улица во центарот на градот. Со затворањето на дел од улицата „8 Септември”, Општина Велес го одбележа Денот без автомобили. Во рамки на проектот R2M – „Ready to…

„Ајде на Вршник“ – Промовирана пешачката патека во Велес

Пеесетина вљубеници во пешачењето попладнево се искачуваат на Вршник. Општина Велес во соработка со здружението „Грин Пауер” денес организираа рекреативна тура, односно искачување на најблискиот велешки рид Вршник (450мнв) со цел промоција на пешачката патека од реката Тополка до Вршник.Настанот е насловен „Ајде на Вршник” и е дел од активностите кои во рамки на проектот…

УЧИЛИШТЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО ВЕЛЕС

Општина Велес во соработка со Здружението на љубители на велосипедизмот “Велес бајкинг” од Велес и ЗГ ” Еко Логик” од Скопје, денес во Младинскиот парк организираа едукативно – интерактивна работилница за младите од Велес, со цел совладување на вештините на управување со велосипед. Работилницата насловена „Училиште за велосипеди на отворено” е дел од активностите кои во рамки на проектот R2M – „Ready to Move”…

Потпишан меморандум помеѓу општините за одржливата урбана мобилност

Во рамките на завршната конференција на проектот  “Поддршка на локалните самоуправи на Северна Македонија во промоција на оддржлива урбана мобилност“ кој се реализира помешу ЗЕЛС и Германската агенција за мешународна соработка, градоначалниците на повеќе општини меѓу кои и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски потпишаа  изјава/меморандум со која се истакнува поддршката во идното планирање на…

НА ДВЕ ТРКАЛА ДО ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ

Во соработка со Здружението на љубители на велосипедизмот „Велес бајкинг” и младинскиот велосипедски клуб МВК „Велес”, вечерва Општина Велес организираше ноќна велосипедска рекреативна тура насловена „Bike2Night” („Вози велосипед вечерва”). Оваа активност е дел од проектот R2M – „Ready to Move” („Подготвени за движење”), со кој Општина Велес оваа седмица ја одбележува Европската недела на мобилност.…