ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДОБИ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во наредниот период ќе заштеди електрична енергија.  Деновиве завршија активностите за поставување на фотоволтаици на покривот на институцијата. Со заштедата на електричната енергија ќе се зголеми продуктивноста во работењето на библиотеката. Освен локалната библиотека, во изминатиот период фотоволтаици беа поставени и на покривите на Народен музеј Велес, ООУ „Васил Главинов“, ООУ…

ЈУБИЛЕЈНАТА ВАРДАРСКА РЕГАТА ЗАПЛОВИ ОД МАЛО МОВЧЕ

Утрово заплови 25 Варадарска регата до Солун. Педесетина учесници на регатата тргнаа од Мало Мовче и шест дена ќе пловат низ Вардар. Тие и годинава ќе го следат трговскиот и револуционерниот пат на Гемиџиите.  На своето патешествие низ водите на Вардар ги испрати градоначалникот Марко Колев и им посака успешна пловидба и пристигнување на целта.…

Известување за реконструкција на атмосферска решетка на ул. Благој Ѓорев

Утре – Петок 20.06.2025 год на ул Благој Ѓорев во непосредна близина на зградата на новиот театар ќе се изведуваат градежнозанаетчиски работи за замена на метална решетка на постоечка собирна атмосферска сливна решетка. За таа цел ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација со цел безбедно одвивање на сообраќајот како и непречено и безбедно извршување на…

РАЦИН ОЖИВЕАН НА СЦЕНАТА: ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР МАЕСТРАЛНО ГИ ЗАТВОРИ 62-РИТЕ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Велешката публика имаше привилегија да биде дел од едно незаборавно културно доживување кое ја одбележа завршницата на 62. издание на престижната манифестација „Рацинови средби“. Во рамките на програмата, на сцената блесна театарската претстава „Рацин“, во извонредна изведба на актерите од велешкиот театар, емотивно надополнети со прекрасната музика.   Оваа претстава, посветена на животот и делото…

ЕДНОДНЕВЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Стотина планинари од Велес, Битола, Прилеп, Кичево и Скопје учествуваа на еднодневниот марш до Лопушник во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Маршот стартуваше од село Извор а групата беше обележана со официјалното знаме на Општина Велес. На врвот Стог на Лопушник, групата пристигна во попладневните часови и заедно со претставниците на Општина…

ПОЧЕСНОТО РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ КАЈ НАМИТА СУБИОТО ОД РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

Намита Субиото од Република Словенија годинава го доби Почесното Рациново признание за нејзиниот придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот јазик надвор од границите. На свечен настан, во Амфитеатарот, Признанието и го додели градоначалникот Марко Колев. Во чест на наградената, 15 поети од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија читаа дел од своите поеми и стихови.…

ПРОМОВИРАН РОМАНОТ „ЦРЕША“ НА АЛЕКСАНДАР КУКУЛЕВ

Во рамки на 62. издание на Рациновите средби, вчеравечер во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ беше промовиран романот „Цреша“ на Александар Кукулев. Ова е четврто книжевно дело на Кукулев кое исто како и претходните ја освои читателската публика со својата симболика и длабочина. Промоцијата започна симболично со изведба на песната „Цреша“ од Тоше…

82 ГОДИНИ ОД ПОГИБЈЕТО НА КОЧО РАЦИН

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на местото на погибјето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. На Лопушник денеска се одбележа 82 годишнината од смртта на творецот на „Бели мугри“. Пред споменикот подигнат во чест на поетот се поклонија и ултрамаратонците кои успешно го завршија…

ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ И ТРИБИНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Во чест на Рацин, домашни и странски поети беа дел од поетското читање „Мугри во срцето“ што се одржа во Локалната библиотека Гоце Делчев. Во рамки на одбележувањето на 62. Рацинови средби се одржа и трибина на македонски јазик на која учествуваа истакнати  имиња од научната мисла, македонскиот јазик и литература. Трибината се одржа под…

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ 62.РАЦИНОВИ СРЕДБИ

На сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вчеравечер свечено беа отворени шеесет и вторите Рацинови средби кои годинава се одбележуваат под слоганот „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“.  Пред присутните гости се обрати градоначалникот Марко Колев кој порача Рацин да продолжи да биде македонска меморија, камен темелник од минатото кој со нашите…