ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“

ССОУ „Коле Неделковски“ го одбележа Патрониот празник со низа активности. Во присуство на Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, директори  на основни и средни училишта  како и претставници на социјални партнери, директорката на училиштето Весна Стојанова Богоевска го истакна своето задоволство за успесите и постигнувањата на целиот тим во училиштето и подготовката на квалитетните кадри…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните дека започнати се градежни работи на улица „Андон Шурков“ бр. 8 во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ кај Комплекс УЗУС (Горна кула). Се замолуваат граѓаните кои живеат во тој дел од градот да не ги паркираат автомобилите на улицата за да се ослободи просторот и непречено да се извршуваат градежните работи.  

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните дека од утре, четврток (16.12.2021 год.) ќе започнат  градежни работи за реконструкција на фекалната канализација на улица „Орце Шутев“,  почнувајки од спој со улица  „Јовче Ќучук“ (кај мовчето )  па се до спој со улица  „Богдан Каракостев“ и улица „Ганчо Хаџи Панзов“, раскрсницата кај трафостаницата. Поради изведувањето на градежните работи, не постои…

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРИОРИТЕТНИТЕ ОБЛАСТИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ОД НВО ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ RELOAD2 (УНДП)

Општина Велес ги информира Здруженијата на граѓани дека во понеделник, 20 декември 2021 година, со почеток во 15:00 часот, во просториите на Општина Велес (Голема сала), ќе се одржи Јавна расправа за приоритетните области за поднесување на предлог проекти од страна на Здруженијата на граѓани, а во врска со проектот ReLOaD2. Ве покануваме да учествувате…

СЕ БЕТОНИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ЈОВАН БАСАРОВ“ ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

Градоначалникот Марко Колев и претседателот на Совет на Општина Велес Зоран Љутков денеска во работна посета на населба Превалец каде се изведуваат градежни работи за бетонирање на дел од улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри. Градежните работи ги изведува фирмата „Евро Инженеринг“. Средствата за бетонирање на улицата се обезбедени од Програмата за уредување…

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТИ И СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ ВО 2021 ГОДИНА

Oрганизаторот „Сојуз на спортови на Велес“, распишува Конкурс за доделување на награди и признанија за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес” за 2021 година: “Сојузот на спортови на Велес“ покренува постапка за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2021 година“.…

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА РОМАКТЕД

Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша Меморандумот за разбирање како официјален документ за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Советот на Европа и партнерските општини за имплементација на фаза II од Програмата РОМАКТЕД. На конференцијата што се одржа во Скопје, учествуваа градоначалниците на 15-те општини вклучени во реализација Програмата за поддршка и интеграција…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Почитувани сограѓани,   Во името на Советот на Општина Велес и во мое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на човековите права. Слободата и правата на човекот се основните постулати на секое демократско општество. Загарантирани со Устав, овие права се еднакви за сите граѓани без разлика на раса, боја на кожа, пол, јазик религија,…

ЌЕ СЕ ГРАДИ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „КИРИЛ И МЕТОДИ“ ПОД ЦРКВАТА СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН

Се изведуваат градежни работи за темелење на потпорен ѕид на улица „Кирил и Методи“ под црквата Св. Пантелејмон, откако се сруши ѕид од камен и предизвика уништување на коловозот од улицата и загрозување на сообраќајот. Градоначалникот Марко Колев денеска изврши увид во градежните зафати на потпорниот ѕид во должина од седум метри и висина од…

ЌЕ СЕ ЗАЈАКНУВА СОРАБОТКАТА СО ГЕРМАНСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ

На покана на македонско-германското стопанско здружение и Фондациите „Фридрих Еберт“ и „Конрад Аденауер“, Градоначалникот Марко Колев присуствуваше на панел дискусијата „Идната споработка помеѓу општините и стопанството“ што се одржа во Скопје. На конференцијата учествуваа и се обратија Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадор на Сојузна Република Германија, Рене Шлее, Директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Даниел Браун,…