ВО ЗАВИСНОСТ ОД ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Општина Велес ќе направи неколкудневна анкета преку средствата за јавно информирање со цел да се утврди колкав е интересот на граѓаните за посета на езерото Младост со организиран превоз. Во зависност од бројот на заинтересирани граѓани кои ќе сакаат летните денови да ги поминат на езерото, ќе се утврди дали општината ќе организира превоз само…

ВО ЈУНСКИОТ УПИСЕН РОК ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА, ВО ПРВА ГОДИНА СЕ ЗАПИШАНИ ВКУПНО 497 УЧЕНИЦИ

Во учебната 2020/2021 година на територијата на Општина Велес завршиле 446 ученици во деветто одделение, а во јунскиот уписен рок, во прва година во четирите средни училишта се запишале вкупно 497 ученици. Во ССОУ „Коле Неделковски се запишани 215 ученици, во ССОУ „Димитрија Чуповски“ се запишани 127, во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“се запишаа 102 ученици…

БОГАТА ПРОГРАМА НА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2021

Иако сè уште е актуелна состојбата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори ова лето да обезбеди широк спектар на културни настани за своите граѓанки и граѓани. Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2021 година предвидени се 500.000,00 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни…

СО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР СТАРТУВА ИЗГРАДБАТА НА ВОДОВОДНИТЕ ЛИНИИ ВО НАСЕЛБА РЕЧАНИ

Во сабота во Скопје Градоначалникот Коцевски заедно со Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и претставниците на ТАФ ТЕПЕ АФКЕН – Инвестиционo Градежно и Оперативно Акционерско Друштво од  Република Турција со подружница во Скопје, ќе го потпишат договорот за реализација на проектот „Изградба на секундарни водоводни линии за водоснабдување во населба „Речани“. Предвидено е да…

ПРОЕКТОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ ОДОБРЕН ВО ВТОРА ФАЗА НА ЕВАЛУАЦИЈА

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски информираше дека проектната апликација  наречена „Паметни решенија-продолжуваме“ е одобрена во втората фаза на евалуација. Најдоцна до 12 јули годинава тимови на Општина Велес треба да ја достават финалната техничка документација за проектот кој опфаќа инфраструктурни зафати за реконструкција на улицата 8 Септември, изградба на атмосферска канализација,  изградба на два…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО ПРВИТЕ СЕДУМ ОПШТИНИ ВО ДРЖАВАТА ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Општина Велес  повторно е помеѓу најтранспарентните институции во државата, истакна на денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски. Според резулатите на Индексот на активна транспарентност што го објавува „Центарот за граѓански комуникации“,  од вкупно 97 институции на државно и на локално ниво, Општина Велес е во првите седум заедно со Општина Кочани, во рангот на институциите со многу…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градежни активности кои се изведуваат во моментов согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на територијата на Општина Велес за 2021 година се следниве: Продолжуваат работите на изградба на Градскиот пазар во вредност од 86.000.000 денари од кои 40.000.000 од Владата а 46.000.000 денари се задолживме со кредит кај Светска банка. Отпочнати се градежните работи…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за субвенционирање на физички лица за купен Инвертер клима уред за 2021 година трае до четврток (08.07.2021). Сите заинтересирани граѓани можат да достават барање за субвенционирање во архива на Општина Велес до утре четврток (08.07.2021 година) до 12:00 часот. Со почит Општина Велес

ЗАПОЧНА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2021

Со целовечерен концерт на балетското студио ,,Анабела“ што се одржа вечерва во Афитеатарот во Младински парк започна ,,Велешкото културно лето 2021“. Во рамки на ,,Велешко културно лето 2021“ ќе се реализираат повеќе културни настани како што се концерти од забавен и фолклорен карактер, џез и класична музика, промоции на книги, изложби, мултимедијални проекти, перформанси и…

Известување

Поради технички проблеми со ПОС терминалот кој е во Граѓански сервис центар, не е во можност да се  врши наплата на средства за услугите на општината. Се замолуваат граѓаните, за услугите што ги користат од општината, да вршат уплата во своите деловни банки или во АД Пошта. Во прилог на известувањето се приложени примероци на…