СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ- “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Oпштина Велес се приклучува на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”, во организација на компанијата “МЕН EНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегација на Европска унија, Пивара и ПАКОМАК Скопје, која ќе се одржи на 06 и 07 мај. Организаторот има цел за секои 10 килограми…

5 МАЈ ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука, 5 Мај. Јазикот е најголемото културно и историско богатство на една нација со кој се идентификува и издвојува од другите народи. Да останеме доследни и верни на корените и традицијата, да продолжиме да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик.

Честит Рамазан Бајрам!

На сите верници од исламска вероисповед Општина Велес им го честита овој голем празник. На овој ден да се потсетиме на значењето на слогата и заедништвото, меѓусебното разбирање и добрината, и да си посакаме добро здравје, радост, среќа и благосостојба.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА,7 МАЈ

Министерството за внатрешни работи, утре (сабота) 30.04.2022 година, во Младински парк со почеток во 12:30 часот ќе одржи активности со кои ќе го одбележи Денот на полицијата, 7 мај. На просторот во Младински парк ќе биде изложена полициска опрема со која граѓаните а особено помладите ќе можат поблиску да се запознаат со работата на полициските…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска (четврток) 28.04.2022 година започнува реконструкцијата на тротоарот на улица „Илинденска“ и тоа на десната страна на тротоарот во правец кон мостот „Гемиџии“. За изведувањето на градежните работи ќе се користи механизација од различен вид  и ќе биде ппставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат…

ГРАДЕЖНАТА МЕХАНИЗАЦИЈА АКТИВНА НА ТЕРЕН !

Градоначалникот Марко Колев заедно со претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков, и советникот Игор Стојанов извршија увид во градежните зафати за реконструкција на улица “Браќа Капчеви” која се очекува да биде завршена за околу 15 дена. Долгогодишните инфраструктурни проблеми на граѓаните ги решаваме посветено и одговорно. Поубав Велес станува реалност!  

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од утре  (среда,  27.04.2022 година) започнуваат градежни работи за реконструкција на улица „Браќа Капчеви“ – од кај Стар мост до спој со улица „Коле Цветков“. Ќе се врши гребење на постоечкиот асфалт, чистење, обеспрашување,  асфалтирање и останати градежни активности. Во текот на изведувањето на градежните работи ќе се користи…

Среќни Велигденски празници!

Денес е Велики Четврток, предвесникот на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Во деновите кога се потсетуваме на големата Христова победа на крстот, градоначалникот Марко Колев и Општина Велес Ви посакуваат денови исполнети со мир, надеж, љубов и благосостојба. За многу години!

ВЕЛЕС ГИ ИМА НАЈДОБРИТЕ МЛАДИНСКИ ОДБОЈКАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

Овој викенд ГОК „Борец“ го освоија шампионското место на државното првенство за младинци за сезона 2021/22 и на задоволство на градоначалникот Марко Колев денес беа гости во неговиот кабинет. Градоначалникот Колев лично им честиташе за успехот и им искажа благодарност за афирмацијата на градот. Прекрасно е чувството кога инвестираме во децата и создаваме здрави и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска, 18.04.2022 година, започнува реконструкција на дел од улица „Александар Несторов“ од спој со улица Славе Ефтовски. Ќе се изведуваат градежни активности на делот од улицата кој е најстрмен и е поплочен со завршен слој коцка. За време на изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација…