СЕ ПОШУМИ УШТЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД ОПОЖАРЕНИОТ ПОЈАС НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ
Над 200 граѓанки и граѓани на Велес денеска засадија 12 000 дрвца на есенската акција за пошумување на опожарениот појас крај Езеро Младост. Сложно и вредно работеа војници, пожарникари, акцијаши, службеници, советници и раководни лица, претставници на Граѓански здруженија, Општинска организација на Црвен крст, Шумско стопанство ,,Бабуна“ и други вљубеници на природата и здравата животна…