КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ВО ЧЕСТ НА ЧЛЕНОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС АЉУШ АХМЕД

По повод смртта на членот на Советот на Општина Велес Аљуш Ахмед од Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска во просториите на Општина Велес (Голема сала) се одржа комеморативна седница. За животот и професијата на Ахмед, пред членовите на смејството и членовите на Советот на Општина Велес говореше Претседателот на Советот Ќирил…

СО ДВЕ НОВИ ВОЗИЛА ЌЕ СЕ СОБИРА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД НАСЕЛБАТА СО РОМСКО НАСЕЛЕНИЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Здружението за хумано домување „Хабитат“ Македонија денеска и предаде на Општина Велес две возила за собирање на цврст комунален отпад, чиј краен корисник ќе биде ЈКП Дервен. Возилата се набавени од проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ што „Хабитат“ Македонија го реализира во соработка со Општините Велес и Шуто Оризари. Тие ќе бидат наменети…

ПРЕЗЕНТИРАНИ СОДРЖИНИТЕ НА МОНУМЕНТАЛ МК

Општина Велес е единствената општина во државата која е вклучена во проектот Монументал мк – Тура за споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија. На денешниот завршен настан на проектот што се одржа во големата сала во Општина Велес беа презентирани содржините на проектот како и сувенирите изработени во рамките на проектот. Спомен костурницата во…

СЕ ПОШУМИ УШТЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД ОПОЖАРЕНИОТ ПОЈАС НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ

Над 200 граѓанки и граѓани на Велес денеска засадија 12 000 дрвца на есенската акција за пошумување на опожарениот појас крај Езеро Младост. Сложно и вредно работеа војници, пожарникари, акцијаши, службеници, советници и раководни лица, претставници на Граѓански здруженија, Општинска организација на Црвен крст, Шумско стопанство ,,Бабуна“ и други вљубеници на природата и здравата животна…

12 000 ДРВЦА ЌЕ СЕ ЗАСАДАТ НА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ

Дванаесет илјади дрвца ќе бидат засадени утре на втората есенска акција за пошумување на опожарениот појас крај езеро Младост.  До веќе израснатите, ќе се засадат нови стебленца багрем кои дополнително ќе го збогатат шумскиот фонд кој беше опустошен во големиот шумски пожар. Војници, пожарникари, ученици, службеници, акцијаши и други вљубеници во природата и здравата животна…

10 ДЕКЕМВРИ, ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Почитувани сограѓанки и сограѓани Во името на Советот на Општина Велес и во мое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на човековите права. Секој човек има право на живот, слобода и сигурност. Секој човек е еднаков пред Законот. Секој човек има право на слобода на движење, слобода на изразување и мислење. Секој човек има…

Акција за пошумување на опожарениот дел на Езерото Младост

Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро Младост која ќе се реализира на 12 декември 2020 година (сабота), на површина од 10 хектари. За таа цел Општината обезбеди 12 000 садници.  Во акцијата ќе земат учество: вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции и Здруженија на граѓани.…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Во име на Советот на Општина Велес и во мое лично име, на сите припадници на православната вероисповед, им го честитам големиот христијански празник 8 декември,Свети Климент Охридски. Еден од првите средновековни словенски светци, научник, пистел и просветител на Словените, Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј и посветено ја…

ОДБЕЛЕЖАНА КАМПАЊАТА 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Со делење на заштитни маски на кои  е испечатено лого „Стоп за родово базирано насилство“, Организацијата на жени до Велес, во театарската зграда, симболично ја одбележа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените„.Носител на кампањата е Организацијата на жени во соработка со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Кампањата  во континуитет ја…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во тек се градежни актиности за ископ и одвоз на земјен материјал за припрема на подлогата за ковид Болница. Се подготвува плато со димензии 55 х 21м. Предвидено е да се ископаат и однесат околу 2800 м3 земјен материјал. Градежните работи се во завршна фаза има уште околу 500 м3 за шкарпирање на косините. Се…