СООПШТЕНИЕ За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за дел од урбан блок 56 и дел од урбан блок 57, урбана единица 11, Општина Велес

Границата на планскиот опфат започнува, од северо-источна страна по осовина на ул. Благој Ѓорев до најјужна точка од каде опфатот поминува кон запад по граници на катастарски парцели, продолжува кон север по оска на ул Станбена 2, па по граница на катастарски парцели се до ул. Станбена 1 и ул. Станбена 6 кон север, па…

ЗДРАВИ ДЕЦА, СРЕЌНИ ДЕЦА – ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2025 ЗАПОЧНА

Преку спортско – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” го одбележавме почетокот на Европската недела на мобилност која ќе трае до 22 септември. Најмладите уживаа во активностите изведени во соработка со Спортската академија “Јуниор” од Велес на детското игралиште „Дворови“, Велес. Децата пред присутните укажаа на потребата од подигнување на свеста за водење…

ЈАВЕН ПОВИК – БАЗАР НА ПРОИЗВОДИ ОД РАЧНА ИЗРАБОТКА

Во рамки на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2025“, Општина Велес организира Базар на производи од рачна изработка, што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври. По тој повод, се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, кои сакаат  да ги изложат своите ракотворби, да достават барање за тезга…

ВО ТЕК Е ВТОРАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дератизација на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност: Општина Велес ја известува јавноста дека денес, 16 септември 2025 година, под надзор од стручно лице од Центар за…

83 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ НА ПУСТА КУЛА

На 14 септември се навршуваат 83 години од масакрот на седумте припадници на Народното ослободително движење на Пуста Кула. Споменикот на кој се испишани имињата на жртвите на фашистичкиот окупатор е нем сведок за свирепото убиство на борците за слобода. На овој датум во 1942 година, во близина на селото Рудник, кај месноста Пуста Кула,…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО КЛУКОВЕЦ

Во тек се земјени работи за реконструкција на една улица во село Клуковец. По завршувањето на подготвителните работи, улицата ќе се бетонира. Рамномерниот развој на руралните средини е важен за развој на општината.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Во периодот од 16 до 22 септември 2025 година, тим од Општина Велес и оваа година организира активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2025 во тесна соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании. Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании…

81 ГОДИНА ОД БИТКАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

Денеска се навршуваат 81 година од загинувањето на борците од Осмата МНОУБ кај месноста Раштански колиби. Борбите се воделе помеѓу борците од Четвртиот батаљон на 8 велешка бригада со германските војници, за зачувување на позициите на слободната територија во месноста, недалеку од Велес. Во жестоката битка што траела еден час, се користеле сите расположливи воени…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВТОРО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност, Општина Велес ја известува јавноста дека на 09  и 10 септември 2025 година ќе се извршува второ…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8 СЕПТЕМВРИ

Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, денеска се одбележа независноста на Република Македонија, 8 Септември. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој значаен историски…