АКТИВНОСТИ ЗА ПОЧИСТ И ПОУБАВ ВЕЛЕС

Службите на ЈКП Дервен, во текот на денешниот ден, работеа во месноста Потокот, каде што извршија детално чистење на потокот и околината. Општина Велес со апел до локалното население да покаже високо ниво на свет за одржување на хигиената, да се грижи за средината во која живее и на тој начин да ги подобри условите…

ОСМОМАРТОВСКИ СРЕДНОШКОЛСКИ МАРШ

Општина Велес во соработка со средните училишта во градот организира осмомартовски марш во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Маршот ќе се одржи на 7 март, петок, и ќе започне во 11:00 часот од кружниот тек кај Авона па се до влезот во Гимназијата. Од таму активностите ќе продолжат во Младински шпарк. Осмомартовскиот средношколски марш…

НОВИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ ВО ВЕЛЕС

Четири автобуски постојки се поставени на неколку локации во градот.  Смарт постојките се опремени со лед дисплеи на кои континуирано ќе се движат информативни содржини  со фотографии и видеа. Постојките се наоѓаат на улиците „8ми Септември“ (наспроти паркингот кај Основен суд Велес), на „Алексо Демниевски Бауман“  (во непосредна близина на спортската сала), „Борис Трајковски“ (наспроти…

ПРЕСТАНА ДА ВАЖИ ВРЕМЕНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

Сообраќајниот режим во градот се врати по старо. Со пуштањето на мостот на Башино село за сообраќај, престана да важи времениот сообраќаен режим што беше воведен на 9 јануари, откако беше затворен за сообраќај башиноселскиот мост. Од вчера се отсрани вертикалната сообраќајна сигнализација што го регулираше времениот сообраќаен режим. Се очекува да почнат да функционираат…

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“ Способностите и достигнувањата на жените и девојките со попрченост, нивното економско јакнење и вклучување на пазарот на трудот беа темите на националната конференција насловена „Заедно сме посилни“  во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес. На конференцијата се обратија претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова,…

ЧИСТ ПОНЕДЕЛНИК НА МЕГДАН

И годинава традиционално се одбележа Чист понеделник на Мегдан. Со посно гравче, суви чушки,  мезиња и пијалоци, тамошните жители го прославија првиот ден по Прочка. Се собраа голем број на граѓани кои ја почитуваат традицијата и ја пренесуваат на новите генерации. Меѓу нив беше и градоначалникот Марко Колев кој им посака добро здравје и им…

ОСМОМАРТОВСКИ БАЗАР ПРЕД ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, од денеска е отворен осмомартовскиот базар пред платото на Основен суд Велес. На тезгите на велешките ракотворци и трговци можат да се најдат најразлични рачно изработени предмети, украси, накит и друг вид на подароци за денот на жената. Почитувани, побрзајте да го одберете најубавиот подарок за…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦА „ЛУЈ ПАСТЕР“

Продолжуваат градежните активности на улицата „Луј Пастер“ каде пред реконструкцијата се сруши постоечкиот потпорен ѕид и се прошири трасата на самата улица. Во тек е изградба на нова потпора за стабилизирање на косината од префабрикувани бетонски елементи, со што се решава уште еден долгогодишен проблем на граѓаните на Велес, кои ќе можат побезбедно да возат…

21 ГОДИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

Општина Велес ја одбележа 21 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби Анита Кришан Лозаноска. Таа беше дел од осумчлената делегација што го придружуваше претседателот Борис Трајковски на меѓународна конференција во Мостар. По тој повод, градоначалникот Марко Колев, дел од советниците на Советот на Општина Велес и делегација од кабинетот на претседателката Гордана…

ПРЕДАДЕНА ДОНАЦИЈАТА НА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Во детското одделение на Општа болница Велес денеска се предаде опремата што се обезбеди од собраните средства на божиќно – хуманитарниот концерт на Сара Мејс и девојките што се одржа на 10 јануари годинава во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, во соработка со театарот и ОО на Црвен крст Велес. На примопредавањето беше присутен…