Соопштение за јавноста

Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 18 и 19 декември 2023 година кога се измерени…

ТРКАЛЕЗНА МАСА: КРЕИРАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНА ЛОКАЛНА СРЕДИНА

Во Општина Велес денеска се одржа тркалезна маса на тема „Креирање инклузивна локална заедница“, како дел од активностите на проектот „Инклузија на деца со  ПОП“, кој го спроведува „Отворете ги прозорците“ со поддршка  на Детската Фондација Песталоци. Четириесетина учесници имаа можност да споделат инклузивни практики, потреби и предизвици со кои секојдневно се соочуваат во работата…

ПОРТРЕТНА ИЗЛОЖБА НА ЃОРЃИ ЗОГРАФСКИ ВО ЛУ НАРОДЕН МУЗЕЈ ВЕЛЕС

Во организација на Општина Велес и ЛУ Народен музеј Велес денеска, во просториите на музејот се одржа изложба на девет портрети од последниот зограф и профан сликар Ѓорѓи Зографски. Изложбата со наслов „Портретното сликарство на Горѓи Зографски“ се реализира по повод 78 годишнината од смртта на зографот. Портретите се во приватна сопственост на членови од…

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ КОИ ДОБИВААТ СТИПЕНДИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Врз основа на член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 12/06, 03/09, 18/10 , 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), а согласно член 11, од Деловникот  за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 11/11) и…

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за…

202 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ ЏИНОТ

Денеска се навршуваат 202 години од раѓањето на Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе на гробот во црквата Св. Спас. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител. Роден е во 1821 година на Прцорек, од левата страна на Вардар. Својата учителска дејност ја започнува во 1838…

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2024 ГОДИНА

Општина Велес ги информира граѓаните дека во понеделник, 18 декември 2023 година, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2024 година. Јавната расправа ќе се одржи онлајн преку платформата CiscoWebex. Заинтересираните учесници можат да се приклучат на расправата преку следниот линк: Meeting link: https://veles.webex.com/veles/j.php?MTID=m3fa06dfbe0d4521a8e79957040f7e8ab Meeting…

ГОДИШНИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВЕЛЕШКИТЕ СЕМЕЈСТВА МИТРЕВИ И КАПЧЕВИ

На денешен ден се навршуваат 81 години од трагичната смрт на велешките семејства Митреви и Капчеви. На 10 декември 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле  Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви  како и  Трајко, Илија и Ката Капчеви. Од голема историска важност…

8 ДЕКЕМВРИ – СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

8 Декември – денот кога се одбележува делото на првиот словенски писател и просветител, творецот на Охридската школа, Свети Климент Охридски. Тој е најревносниот и најистакнат ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, учествува во нивната мисија посветена на ширење на словенската богослужба и словенското православие. Свети Климент се смета за закрилник и патрон на…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЈКП „ДЕРВЕН“ ВЕЛЕС

Врз основа на член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на…