ЌЕ СЕ ЗАМЕНУВА СТОЛАРИЈАТА ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година – енергетска ефикасност, Општина Велес ќе користи финансиски средства во висина од 2.341.543 денари кои ќе бидат наменети за замена на столаријата во ООУ „Васил Главинов“. Изборот на општини е направен по објавениот јавен повик на Владата на Република Северна Македонија  и рангирање на…

Програма за Велешко лето 2021

Оваа година во рамки на „Велешко лето 2021“ ќе се организираат концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, ликовни изложби, филмски проекции и други мултимедијални проекти, кои ќе се одржат на повеќе локации во градот. Според динамиката на активности во месеците јули и август ќе бидат…

ВЕЛЕШКА ПОЕТСКА ВЕЧЕР

Со стихови и хумористични афоризми од секојдневниот живот и вечната инспирација, љубовта, на дванаесеттата по ред „Велешка поетска вечер“, која се одржа во кругот на ООУ „Васил Главинов“, се претставија реномирани писатели, поети и афористичари од Здруженијата на писатели и клубови од Велес, Скопје, Прилеп, Кичево, Кочани, Охрид, Штип и Демир Хисар. Културната манифестација ја…

ПОЧИТ ЗА ПАНКО БРАШНАР, ОДБЕЛЕЖАНИ 70 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА СМРТ

Општина Велес ја одбележа 70 годишнината од смртта на Панко Брашнаров. Во знак на почит и благодарност, делегации составени од Градоначалникот Коцевски и членови на Советот на Општина Велес, од локални установи и институции како и од неговото семејство, положија букети свежо цвеќе пред мермерниот паметник. За сведокот на двата Илиндена, за човекот со живот…

ОДБЕЛЕЖАНА 208 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ

Со положување на свежо цвеќе на гробот во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“, делегација на Општина Велес му оддаде почит на еден од најголемите  градители на сакрални објекти на Балканот. На денешен ден се одбележуваат 208 годишнината од неговото раѓање и 143 години од неговата смрт. Андреја Дамјанов е роден во 1813 година во с. Папрадиште,…

Велешко лето 2021- Клуб на писатели „Коста СОлев Рацин“

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес е регистриран во 2010 година, на иницијатива на неколку членови, во интерес на промовирање на македонскиот јазик и пишаниот збор. Од тогаш до денес тој е препознатлив не само во нашиот град, туку и во државата и пошироко. Организатор е на многу поетски настани со учениците од…

НАСТАП НА ДУОТО ГАЦЕВА – ЏОРЛЕВА НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021

Во рамките на „Велешко лето 2021“, денеска во салата „Бели Мугри“ настапи дуото Гацева-Џорлева. Двете пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева изведоа музика за четирирачмо пијано од Грид, Сати и Чајковски. По изведбата публиката ги награди со громогласен аплауз. Граѓаните на Велес ќе имаат можност во наредниот период да проследат голем број на концерти на…

ВЕЛЕС ЗАПОЧНУВА СОРАБОТКА СО БУРГАС, БУГАРИЈА

Општина Велес е отворена општина за соработка и продлабочување на културните и меѓународнио односи со сите градови кои ќе посакаат да станат нејзини пријатели. Досега Општина Велес има потпишано Меморандуми за соработка со 25 градови од Турција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Италија, Франција, Полска и Грција кои се докажани пријатели на…

ИНВЕСТИЦИИ ВО ЈКП „ДЕРВЕН“ ВО ВРЕДНОСТ ОД 1,5 МИЛИОН ЕВРА

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста за инвестициите во ЈКП „Дервен“. Во изминатите неполни четири години во комуналното претпријатие  инвестирани се околу 91.000.000 денари односно околу 1,5 милион евра за подобрување на возниот парк и  механизацијата. Коцевски ја потенцираше набавката на возилата за цврст комунален отпад, набавката на скада системот односно компресорот…

И ПОНАТАМУ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19, ПОРАЧА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

Нема потреба од дигање на паника и вознемиреност, и порача на јавноста Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција , откако вчера излезе информацијата за граѓанин на Велес заразен со Делта сојот на Ковид 19. Тој објасни дека пациентот е во добра здравствена состојба и дека по враќањето од Англија не бил во контакт со други…