ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И ЦЕНТАР ЗА ИНОВАЦИИ БЛИНК 42-21

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска потпиша меморандум за соработка со Центарот за Социјални иновации Блинк 42-21 за користење на мобилна апликација М-заедница. Апликацијата ќе обезбеди можност жителите на Општина Велес да комуницираат со вработените во општинските одделенија и сектори со цел да изнесат проблем, предлог или иницијатива и да бидат вклучени во носењето…

ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ НА ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ” ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД ДЕВЕТ КОМПЈУТЕРИ

Девет компјутери доби подрачното училиште на ООУ „Васил Главинов”  во село Сливник. Компјутерите ги донираше АД „Алајанс Уан” од Кавадарци и чинат 197.000,00 денари. Осумдесет и осумте ученици од прво до петто одделение ќе имаат можност непречено да ја следат наставата по информатика  и останатите предмети. Предавањето на компјутерите го изврши градоначалникот на Општина Велес,…

ПОСТАВЕНИ ЧЕТИРИНАЕСЕТ ВЕЛОСИПЕДСКИ СТАНИЦИ ВО ВЕЛЕС

Во три фази, на четиринаесет локации во градот, во текот на минатиот и овој месец беа поставени исто толку велосипедски станици (држачи за велосипеди). Во рамки на Европската недела на мобилност 2020, ЈКП „Дервен” ги изработи, а заедно со волонтери од ЗГ „Велес Бајкинг” велосипедските станици беа поставени на следните локации: Пред главниот влез на…

ОДБЕЛЕЖАН 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации на Општина Велес, Советот на Општина Велес, јавните институции, здруженија на граѓани и политички партии денес положија свежо цвеќе пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот. Поради актуелната состојба со Ковид-19, настанот беше организиран согласно насоките и мерките за заштита од ширење на…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВОНРЕДНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Општина Велес ја известува јавноста дека во соработка со ЈКП „Дервен” и Територијалната противпожарна единица од Велес, во текот на денешниот ден врши вонредно дезинфицирање на поголемите и фреквентни улици во градот, јавно-прометните површини, односно просторите пред сите поголеми маркети, железничката станица, пазарот во Нова населба, плоштадите „С’рмаале”, „Којник” и „Панко Брашнаров”, просторот пред комплексот…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК

Се реконструира познатото езерце „Црвенкапа” во Градскиот парк. Со градежните работи кои започнаа на почетокот од овој месец се врши проширување на постоечкото езерце и истото ќе биде на површина од околу 1 000 м2. Просторот ќе биде хортикултурно уреден, со клупи, канделабри за осветлување, пешачки патеки, корпи за отпадоци. За полнење на езерцето ќе…

ИНСТИТУЦИИТЕ РАБОТАТ СОГЛАСНО ПРЕПОРАЧАНИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски. Тој посочи дека во моментот во ЈЗУ Општа болница – Велес има 54 кревети на располагање, но…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 21 ОКТОМВРИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за епидемиолошката состојба во Велес. „Алармантна е ситуацијата и вирусот е широко распространет”, изјави Градоначалникот пред медиумите. Како проблем тој го посочи фактот што дел од заразените не можат точно…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ И ДЕНОТ НА БОРЕЦОТ

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот. На овој ден оддаваме најдлабока почит на македонските херои, учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание кои се симбол на непокорот и слободарскиот дух. Славејќи ја…

НАБАВЕНИ ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХ ЗА ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ”

По донесената Одлука на Советот на Општина Велес и обезбедените финансиски средства од општинскиот буџет во вкупен износ од 700.000,00 денари со пресметан ДДВ беа набавени прочистувачи на воздухот за објектите на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев” во Велес. Ова за јавноста го соопшти градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција. „Средствата…