РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПЕН СОНЧЕВ ТЕРМАЛЕН КОЛЕКТОР ЗА 2025 ГОДИНА

Врз основа на член 50 став (1) точка 11 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 11 став (3) од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025 ВО ПОЛН ЕК

Уште еден викенд исполнет со музика за сечиј вкус. Велешката чалгија го развесели едно од најстарите велешки маала. На плоштадот Којник, се собраа и стари и млади да уживаат во македонските песни и традиционалните инструменти на Велешката чалгија. За љубителите на џез музиката пак, се погрижи Иван Иванов со својот квартет, кој одржа концерт на…

ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО НАСЕЛБА КЕРАМИДНА

Градежни активности во населба Керамидна. Се бетонира крак на улицата „Наце Димов“ каде се врши ископ на земјена подлога, порамнување, валирање, тампонирање, армирање и бетонирање. Дополнително ќе се санира и дел од постоечкиот бетонски крак на истата улица кој е многу оштетен. Со овие градежни активности ќе се подобрат условите на жителите од овој дел…

ВТОР ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана  минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес објавува:   В Т О Р    Ј А В Е Н   П О В И К за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана  минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на општина Велес   Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРМ кои…

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ЗА 15 ПРОЕКТИ МЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И ВЛАДАТА

Градоначалникот Марко Колев ги потпиша договорите за петнаесетте проекти со Владата на Република Македонија. Станува збор за капитални инвестиции на територијата на Општина Велес. Со овие проекти Општина Велес обезбеди средства за: 1.Реконструкција на патот Отовица – Сојаклари; 2.Реконструкција на патот Челошево – Дорутовец; 3.Реконструкција на влез во село Иванковци; 4.Реконструкција на влез во Башино…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

   Известување      Рокот за пријавување на Јавниот повик за работно ангажирање на 30 невработени лица за заштита и оплеменување на животната средина  на локално ниво (пошумување) со бр.08-3582/1 од 10.07.2025 година, се продолжува до 23.07.2025 година.   ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА 30 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ И…

„ЗАЈАКОТ БЕЉАЏИЈА„ ГО НАПОЛНИ АМФИТЕАТАРОТ

Театарската претстава „Зајакот бељаџија“ на Театар Патувалка вчеравечер го наполни Амфитеатарот во Младински парк. Детски џагор и смеа се разлеваше низ просторот. Најмладите со големо внимание и радост ја проследија претсавата со хумористична и едукативна содржина. Театарската претстава е дел од програмата на Велешко лето 2025 која продолжува со реализација на бројни културни, забавни и…

ЗАБАВА, ИГРИ, ТЕАТАР – ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Со забавни игри и кино гејминкг се релаксираа младите изминатите два вечери во Градскиот парк во Велес. Тие си ги измерија силите во PS5  и добија симболични награди. Потоа уживаа во проекција на популарниот филм „Мајнкрафт“ и првиот  македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“. Како дел од прогхрамата на Велешко лето 2025, вечерва…

РОД И КОРУПЦИЈА – ТЕМА НА ДЕНЕШНАТА ТРКАЛЕЗНА МАСА

Тркалезна маса на тема „Поврзување на локалните и националните институции во креирањето на родово сензитивни и инклузивни антикорупциски политики“ денеска се одржа во Велес, во организација на Организација на жени на Општина Велес во партнерство со Националната мрежа „Жените за жените“ со поддршка на Општина Велес. Учесниците од различни институции разменија искуства околу интегрирањето на…

КИНОГЕЈМИНГ НА КИНО НА ОТВОРЕНО

Општина Велес и Киноверзум ве покануваат на киногејминг во рамки на Велешко лето. Кино на отворено ќе се одржи вечерва и утревечер, 14 и 15 јули, во Градски парк со почеток во 19:00 часот. Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да учествуваат во гејминг дуели и да уживаат во кино под ѕвездите, а истовремено…