СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВТОРА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност   Општина Велес ја информира јавноста дека, второто авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 12 јули…

БАШИНОСЕЛСКИОТ МОСТ Е ЦЕЛОСНО САНИРАН И ФУНКЦИОНАЛЕН

Мостот кај Башино Село е целосно саниран и функционален. Извршена е реконструкција на долниот дел од мостот, зајакнати се носечките столбови и гредите и мостот е веќе безбеден за непречено одвивање на сообраќајот во двата правца и за движење на граѓаните. Во наредниот период ќе биде извршена санација и на горниот дел на мостот. На…

ЈАВЕН ПОВИК  за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес (по втор пат)

Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 45, став 1, од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), а согласно Правилникот за користење на простории…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО СЕЛО Р’ЛЕВЦИ

Во тек се градежни работи на пристапниот пат до село Р’левци. Градежните машини се на терен и се врши порамнување на патот. Во рамки на оваа реконструкција предвидено е и тампонирање на одредени делници од патниот правец, нанесување на тампонски материјал и валирање. Со оваа реконструкција ќе се овозможи подобрување на условите за користење на…

ЗАВРШИ ИФФ ВЕЛЕС 2025

Пет дена Велес пулсираше во ритамот на традицијата, културата и фолклорот. Заврши јубилејното издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2025“. Околу 600 играорци од 20 ансамбли на девет држави, на сцената на Амфитеатарот во Младински парк, преку игра и песна ја пренесоа културата и традицијата на земјата од каде што доаѓаат. Вистинско доживување и уживање…

ТРЕТА ВЕЧЕР ИФФ ВЕЛЕС 2025

Уште една вечер исполнета со звуците на традиционалните песни и ора на Литванија, Чешка, Чиле, Германија, Мексико, Турција и Македонија. На сцената на амфитеатарот настапија танчерите и играорците на домашните и странските ансамбли презентирајќи ја својата култура и традиција. Публиката која и оваа вечер беше многубројна, не остана рамнодушна, ги награди со силен аплауз и…

„ТАНЕЦ“ ЈА ВООДУШЕВИ ВЕЛЕШКАТА ПУБЛИКА НА XX ИФФ „ВЕЛЕС 2025“

Со целовечерен концерт, кој траеше 90 минути, Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“, вчеравечер ја воодушеви публиката во Амфитеатарот во Младински парк. Играорците на „Танец“ импресивно ги изведоа „Мијачка“, „Поречки игри“, „Кавадарка“ кои буквално ја кренаа публиката на нозе. Нивната професионалност беше наградена со силни овации и аплаузи. „Танец“ беше специјален гостин на…

ПОЧНА XX ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВЕЛЕС 2025

Со традиционалното дефиле низ улиците на градот, вчеравечер започна дваесеттото јубилејно издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2025.  Фолклорните групи, учесници на фестивалот, ја презентираа својата традиција и култура преку музиката, танцот и носијата, најавувајќи неколку дена полни со музика, танц и песна. По дефилето, фестивалската магија продолжи на сцената на Амфитеатарот во Младински парк…

ОБЈАВА бр.4/2025 (втора објава) за давање под закуп на деловни простории во објект Градски пазар кои се наоѓаат на КП 5264

Врз основа на член 2, став 1, точка 4 алинеја 1 и член 4 и член 36 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15,106/15,153/15,190/16,21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19, 122/21), согласно заведена Одлуката од Совет на…