ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради подобрување на временските прилики – намалување на дневните температури, созддени се услови за продолжување со градежни работи за бетонирање на дел од улиците  „Александар Несторов“ и „Славе Ефтовски“. Поради отежнат пристап на  градежна механизација  до локацијата за работа, се молат граѓаните во  деновите кога се изведуваат градежните работи, да не паркираат возила на улицата…

ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2022 ГОДИНА

Од денес до 20 септември 2021 година во Општина Велес ќе трае постапката на прибирање предлози, проекти, сугестии за креирање на програмите на општината: локален економски развој, образование, култура, социјална заштита, здравство, спорт, заштита на животна средина, соработка со граѓанските организации, поточно во сите области во кои општината има надлежност. Образецот за аплицирање е достапен…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Драги првачиња Драги ученички и ученици, Почитувани просветни работнички и работници,   Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам почетокот на новата учебна година и  Ви посакувам плодна и успешна година, многу стекнати знаења, многу насмевки и секако многу здравје. На овој ден, нашите најмлади сограѓани го…

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ И ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА УНИЦЕФ ДИ ЏОВАНИ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ВО ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“ ВО ВЕЛЕС

Почна новата учебна 2021/2022 година. По пауза од една година, учениците ги наполнија училниците и училиштата. На првиот училишен ден, во општинското основно училиште „Панко Брашнаров“, учениците и вработените ги поздрави министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот Аце Коцевски како и претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. Патриција Ди Џовани. Им посакаа…

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ со план за парцелација на ГП.1.05, ГП. 1.04 и ГП.1.03, согласнo УПВНМ за изградба на кoмплекс сo намена А4 – временo сместување- викенд населба во КО Башино село и Новачани

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ со план за парцелација на ГП.1.05, ГП. 1.04 и ГП.1.03, согласнo УПВНМ за изградба на кoмплекс сo намена А4 – временo сместување- викенд населба во КО Башино село и Новачани Линк проект Линк урбанистичко решение

РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ ВИСОКО НА АГЕНДАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со поддршка на Општина Велес, а во реализација на Организацијата на жени на Велес, синоќа, 30 август, во ликовниот салон се одржа тркалезна средба на претставнички на партиските тела на жените од политичките партии од градот. Активноста е дел од проектот: „Активирај се – кандидирај се“,  чија генерална цел е зголемено учество на жените во…

Се укинува бесплатниот автобуски превоз до езеро Младост.

Почитувани Општина Велес ја известува јавноста дека од денеска 30.08.2021 година повеќе не сообраќа бесплатниот автобуски превоз до езеро Младост. Поради намалениот интерес на граѓаните, Општина Велес го укинува бесплатниот јавен превоз до езерото. Бесплатниот јавен превоз го организираше Општина Велес поради големиот интерес на граѓаните да го посетуваат езеро Младост во летниот период, по…

Отворен 18 Меѓународен салон на стрип и 3-та стрип колонија

Во Ликовниот салон во Велес е отворен 18 Меѓународен салон на стрип на кој начин учествуваат стрип уметници од Романија, Белгија, Албанија и Србија. На најдобрите стрип уметници од овогодинешниот салон им беа доделени награди и признанија. Во куќата на Касапови е отворена третата по ред Стрип колонија на која учествуваат десет стрип уметници од…

Резултати од спроведеното тестирање за попишувачи и инструктори

Во текот на вчерашниот и денешниот ден беше спроведено тестирање на кандидатите за попишувачи и инструктори. Резултатите од полагањето можат да се видат на линкот подолу. Линк