ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА СТОЈАН БУРЧЕВСКИ БУРИДАН

Во чест на патрониот празник на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – Иванковци, делегација на Општина Велес и претставници на училиштето положија свежо цвеќе пред спомен обележјето со неговото име. По тој повод училиштето организира свечен настан со претставата Малиот Петар што ќе се одржи во петок, 29 март, во Големата сала на Општина Велес со…

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ПРОЕКТОТ „И ХАРТИЈАТА ИМА ВРЕДНОСТ – РЕЦИКЛИРАЈ ЗА ЗДРАВА ИДНИНА!”

Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории – РЦЛРК” – Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје, вчера во просториите на Европска куќа организираше завршен настан за проектот, кој беше поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од  Европската…

ДЕНОТ НА ШЕГАТА ВО ВЕЛЕС

Априлијада во Велес. Денот на шегата 1 Април ќе помине во знакот на детскиот џагор, шарени маски и многу насмевки кај децата од основнните училишта и од градинката „Димче Мирчев. Веселиот настан  ќе се случи во понеделник, 1 април, во Амфитеатарот, со почеток во 12 часот. Низ првоаприлската приказна децата ќе ги водат Стефан од…

27 МАРТ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТЕАТАРОТ

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот, 27 Март, ден посветен на креативноста, умешноста на уметничкото битисување, блесокот на театарската сцена. Општина Велес им го честита денот на актерите од велешкиот театар „Ј.Х.К.Џинот“ со искрени желби за врвни и неповторливи улоги на театарската сцена, да блеснат во највисоко светло на уметнички израз и да останат…

„ЦРВЕНКАПА“ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Во рамки на тетатарскиот фестивал на комедија „5РЕ“ , се одигра претставата за деца „Црвенкапа“ на Театар за деца и младинци. Најмладите имаа можност да ја проследат омилената приказна за Црвенкапа а возрасните се потсетија на доживувањата од детството. Собраните средства од претставата се наменети за хумани цели, ќе бидат донирани на нашиот сограѓанин Александар…

СЕ УРЕДУВА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС ВО ДВОРОВИ

Се гради спортско-рекреативниот комплекс во населба Дворови. Градежните работи се во тек и се одвиваат според предвидената динамика. Граѓаните ќе добијат уште едно модерно и функционално катче за спорт и рекреација. Проектот опфаќа уредување на спортски рекреативни површини и поставување на урбана опрема. Средствата за реконструкција се обезбедени во соработка со Центарот за развој на…

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО И БУЛИНГ МЕЃУ МЛАДИТЕ – ТЕМИ НА ДЕНЕШНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ

Работилници на тема „Врсничко насилство меѓу младите“ и „Булинг меѓу младите“ на која средношколци од Велес се запознаа со различните видови и форми на насилство меѓу врсниците, се одржаа денеска во хотел Гардениа. Предавачите од Здружението на граѓани ,,РУБИКОН,, Скопје, Владимир Караев и Љупка Ристовска на креативен начин преку интеракција  и видео презентација ја доближија…

ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЛАДИ НА АКТУЕЛНИ ТЕМИ

Едукативни работилници чија целна група се младите, Општина Велес ќе одржи во наредните десетина дена. Теми на работилниците ќе бидат врсничкото насилство, булингот,инклузија и конструктивни наративи и менталното здравје кај младите како предизвик на новото време. Тие се реализираат со цел да се поттикнат локални младински политики и младински активизам. Овие активности се имплементираат во…

ПОЧНА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

Во преполната сала на велешкиот театар вчеравечер почна третото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“. Во чест на доајенот на македонското актерство Петре Прличко, овогодинешната награда за животно дело ја доби акетрот Тони Михајловски. Наградата му ја врачи градоначалникот Марко Колев. Првата фестивалска вечер започна со премиера на велешкиот тетатар Ј.Х.К.Џинот  и маестралната изведба…

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ПЕРИОД 2023-2027

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и член 4 став 11 од Измените и дополнувањата на Законот за квалитет на амбиентен воздух (Сл. Весник на РМ бр.151/21), Градоначалникот на…