КАКОВ ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА ВЕЛЕШАНИ, ТЕМА НА ДЕНЕШНАТА РАБОТИЛНИЦА СО ИЗРАЕЛСКАТА КОМПАНИЈА РОМ ТРАНСПОРТ

Во рамките на проектот за изработка на студија за изводливост на мрежа за јавен градски превоз, денеска во Општина Велес се одржа работилница за разгледување на предложените мерки во оваа студија. Работилницата ја одржа Мирјам Фишер, претставник на израелската компанија „РОМ Транспорт“ која ја изработува физибилити студијата. На работилницата со околу 25 учесници, претставници на…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

Општина Велес ја одбележа годишнината од раѓањето и смртта на Рајко Жинзифов. Денеска се навршуваат 183 години од неговото раѓање и 145 години од неговата смрт. Во чест и спомен на Рајко Жинзифов, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата во општинското основно училиште што го носи неговото име во Г.Оризари. Рајко…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ГО ЧЕСТИТА ХРИСТИЈАНСКИОТ ПРАЗНИК СВЕТИ ТРИФУН, ЗАШТИТНИКОТ НА ЛОЗАРИТЕ И ГРАДИНАРИТЕ

Денес е Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите. Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, на сите граѓани од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник и посакува родот да биде заштитен и богат годинава, и да им носи радост и бериќет на сите производители на вино. Велат во виното е вистината, затоа…

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавен увид

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното: С О О П…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ДОБИВА ГРАНТ ОД 750.000 ЕВРА ОД ПРОГРАМАТА „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ“

Општина Велес е една од осумте општини корисник на грант од програмата „ЕУ за Општините“, од кои Општината добива околу 750.000 евра средства за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони. За таа цел, денес Градоначалникот Марко Колев и…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ ГОСПОДИН АГАТАНГЕЛ

Градоначалникот Марко Колев денеска оствари средба со Митрополитот Повардарски Господин Агатангел. Работната средба се одржа во просториите на Повардарска епархија по покана на Владиката и на неа се разговараше за клучни прашања, важни за општината. Општина Велес и Градоначалникот Колев се секогаш отворени за соработка со сите верски заедници во општината во насока на решавање…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од денес, 10 февруари 2022 година, се започнати градежни активности на дел од улица „Браќа Поп Јорданови“ – спој на улица „Архиепископ Михаил“ со улица „Љубен Весов“.   Градежните активности се дел од реализација на проектот „Градежни зафати за воведување на еднонасочно одвивање на сообраќај на спој на улица „Архиепископ Михаил“ со улица „Љубен Весов“.…

150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денеска се навршуваат јубилејни 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Гоце Делчев е учител, визионер и водач на македонско револуционерно национално – ослободително движење. Неговиот придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ ќе остане…

ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ НА С.ЦРКВИНО

Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, денес беше во посета на Подрачното основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во с.Црквино каде направи увид на училишната зграда која поради долгогодишната запоставеност од страна на надлежните е во лоша состојба. Воедно им соопшти дека со општинските служби се изнајде решение за нивниот долгогодишен проблем – проширување на…

ВРАЧЕНО 100-то РЕШЕНИЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Од почетокот на мандатот на Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, денес беше врачено 100-то решение за легализација на г-динот Бранко Далевски од с.Башино Село. Легализацијата на објекти беше проблем на велешани за кој во предизборниот период Градоначалникот се обврза дека ќе се заложи. Со реорганизација на постоечките човечки ресурси во Општината се максимизираа…