АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ, МАКСИМАЛНО ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТА
Наглото зголемување на бројот на заразени со Корона вирус го вклучи алармот во Општина Велес. Регистрираните педесет и тројца за само едно деноноќие ги вознемири жителите на Велес. На алармантната состојба предупредуваат и лекарите од примарното здравство. Матичниот доктор Ѓоре Дервишов, кој е член на Општинскиот штаб за заштита и спасување, вели дека ситуацијата е крајно сериозна…