СООПШТЕНИЕ

ОПШТИНА  ВЕЛЕС ЈА ИНФОРМИРА ЈАВНОСТА ДЕКА НА 16.06.2025 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК), СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ, ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ОДРЖИ  ИНФОРМАТИВЕН ДЕН ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2025 ГОДИНА. ВО РАМКИ НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПРОМОЦИЈА НА МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИТЕ ПРОГРАМИ И МЕРКИ…

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БАШИНОСЕЛСКИОТ МОСТ ВО ПОЛН ЕК

Интензивно се изведуваат градежни работи околу  реконструкцијата на оштетениот труп на мостот кај Башино Село. Во тек е појачување на главните носачи со додавање на дополнителна арматура, шалување и бетонирање. Дополнително се работи и на поставување на челични спрегови за укрутување на столбовите. Градежните зафати на долниот дел на мостот се одвиваат согласно предвидената динамика…

НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „РАЦИНОВИТЕ ОДБЛЕСОЦИ ВРЗ СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТА“

Во рамките на 62. Рацинови средби, во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, се одржа научна конференција на тема „Рациновите одблесоци врз современиот македонски јазик и книжевноста. Конференцијата е во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Општина Велес, а на неа учествуваа еминентни имиња од научната мисла за јазикот и книжевноста.…

ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО СОКАЧЕТО НА ПОЕЗИЈАТА

„Сокачето на поезијата“ вчеравечер одекнуваше од стиховите на велешките поети. Писатели и членови на клубот на писатели што го носи името на великанот Коста Солев Рацин настапија со свои поетски читања. Во чест на Рацин, го споделија својот поетски збор инспирирани од истата жар -љубовта кон татковината, јазикот и вистината. Поетското читање го отвори проф.…

ПИСАТЕЛКАТА ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА ДОБИТНИЧКА НА РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2025 ГОДИНА

Наградата „Рациново признание“ годинава и припадна на македонската писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска. Во конкуренција од 22 пријавени книги за доделување на престижната награда, тричлената жири комисија, во состав проф. д-р Илија Велес, проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошковаи м-р Игор Крајчев, одлучи Рациновото признание да го добие за книгата „Три Марии“. Книгата е ново прозно…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Започна реконструкцијата на Раштански пат. Градежната механизација е на терен каде што во тек е целосна длабинска реконструкција на Раштански пат. Делницата е во должина од 800 метри, со што значително ќе се подобри патната комуникација кон овој дел од градот и околните села.  

УЛТРАМАРАТОНЦИ ТРЧААТ ДО ЛОПУШНИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Ултрамаратонците и годинава ја продолжија традицијата, утрово го започнаа  ултрамаратонот до Лопушник, местото на погибјето на великанот Коста Солев Рацин. Петмината маратонци треба да истрчаат156 километри до петок. Градоначалникот Марко Колев и советници на Советот на Општина Велес ги испратија маратонците и им посакаа поволни временски услови и во добро здравје да го истрчаат маратонот…

ФОРМИРАН НОВИОТ ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

По заокружување на целиот процес на избор и формирање на Локален младински совет во Општина Велес, Локалниот младински совет на Општина Велес ја одржа првата констутутивна седница на која членовите избраа претседател и заменик претседател. За претседателка на Локалниот младински совет е избрана Ања Трајковска, а функцијата заменик претседател, во наредните две години ќе ја…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПРВА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност   Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 12 јуни…

ВЕЛЕС ТРЧАШЕ ЗА РАЦИН

Во чест на бесмртниот Коста Солев Рацин, викендов се одржа четвртото издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин’. Неколку стотици учесници се вклучија на детската и на трките од пет и 10 километри. Велешките улици беа преплавени со професионални атлетичари но и сите оние кои кои со своето учество ја покажаа својата почит кон великанот…