ПРВ ОТВОРЕН ДЕН ЗА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ

На првиот отворен ден, градоначалникот Марко Колев ги прими граѓаните и граѓанките кои имаа закажано средба со него. Градоначалникот ги слушна нивните проблеми, потреби, приоритети, но не изостанаа и креативните предлози и сугестии за подобрување на квалитетот на живот во општината. Општина Велес продолжува со своите основни начела и принципи да биде транспарентна, отчетна и…

К О Н К У Р С за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2021/2022 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/11), член 7 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес  („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.20/18), а…

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Под мотото „Опортокалови го светот: Стави крај на насилството врз жените сега !“, денеска започна кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. На симболичен начин, облечени во маици со логото на кампањата и со балони во портокалова боја, членки на Организацијата на жени, вработени во општинската организација, претставници на Комисијата за еднакви можности помеѓу…

Среда- отворен ден за прием на граѓаните на Општина Велес кај Градоначалникот

Општина Велес продолжува со своите основни начела и принципи, да биде транспарентна, отчетна и отворена општина за сите граѓани на Велес. За таа цел, повторно се воспоставува пракса на отворен ден за прием на граѓани кај Градоначалникот. Приемот на граѓани е предвиден да биде секоја среда, почнувајќи од 01.12.2021 со почеток од 10:00 часот до…

82 ГОДИНИ ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА „БЕЛИ МУГРИ“ НА КОЧО РАЦИН

На денешен ден се одбележуваат 82 години од печатењето на збирката песни „Бели Мугри на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Првиот примерок на збирката излегол во печатницата на Драгутин Шпулер во Загреб. Збирката е составена од 12 песни, во пет циклуси напишани на велешки дијалект, во кои на најсликовит начин се опишани најтипичните…

ЕСЕНСКО ЗАСАДУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШНИ САДНИЦИ ВО ВЕЛЕС

Општина Велес започна со акцијата за есенско садење на повеќегодишни висококвалитетни садници на повеќе локации во градот. На новоподигнатата зелена површина помеѓу улиците „Крсте Мисирков“ и „АСНОМ“ на местото на старите и деградирани дрвја се насадија нови, се засади трева а поставен е и систем за наводнување. Досега засадени се 100 нови дрвја во паркот…

Jавен повик за доделување на повеќегодишни садници на физички и правни лица за 2021 година

Општина Велес објавува јавен повик за доделување на повеќегодишни садници на физички и правни лица за 2021 година. Со овој повик општината има за цел да ги стимулира граѓаните да земат сопствено учество во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во гардот. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ и ќе…

JАВНA РАСПРАВA ПО НАЦРТ-ПРОГРАМИТЕ НА ОПШТИНАТА ЗА 2022 ГОДИНА

Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2022 година. Јавната расправa ќе се одржи на  24.11.2021 година (среда)  во големата сала на Општина Велес и тоа за: преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови…

СЕ АСФАЛТИРА ПЛОШТАДОТ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ

Во тек е асфалтирањето на Плоштадот во Горно Оризари. Градоначалникот Колев денеска го посети Горно Оризари чиј центар добива нов лик. Реконструкцијата на Плоштадот, на површина од околу 1.700 м²  во Горно Оризари се реализира согласно Програмата за уредување на просторот на Општина Велес. За таа намена, од буџетот на општината се издвоени 2.355.280 денари…

ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ

Се повикуваат граѓаните на Велес кои имаат сознанија за постоење на мали и големи диви депонии во и околу градот да ги пријават во Општина Велес и тоа на веб страницата на општината преку линкот „пријави проблем“ или да се јават на телефонските броеви 078 254-729 или на 043 232-406. На тој начин службите на…